fbpx

Денеска издадени речиси 10.000 рецепти за висок притисок и 8.000 за дијазепам

Податоците за болестите или состојбите од кои страдаат македонските граѓани во голем дел говорат за начинот на живот, бидејќи сите овие состојби - високиот крвен притисок, анксиозноста и дијабетот се на некој начин поврзани со стресот

-

Денот не е завршен, а на македонските граѓани денеска, до 16 часот, веќе им биле издадени речиси 9.800 рецепти за лекот „еналаприл“, 8.700 рецепти за „метформин“ и 8.000 рецепти за „дијазепам“, покажуваат податоците на веб-платформата Е-здравство, која беше промовирана денеска.

Лекот „еналаприл“ е за хипертензија, односно за висок крвен притисок, „метформин“ е лек за дијабет, додека дијазепамот за анксиозност и несоница.

Фото: Принтскрин, Е-здравство

Бројот на издадени рецепти расте од секунда во секунда, исто како и бројот на издадени специјалистички упати.

Според бројките на веб-платформата, денеска биле издадени најмногу упати за дијагнозите I10 – покачен крвен притисок од непознато потекло, E11 – дијабет, инсулинонезависен облик и J03 – акутен тонзилит (болести на респираторниот систем).

Податоците за болестите или состојбите од кои страдаат македонските граѓани во голем дел говорат за начинот на живот, бидејќи сите овие состојби – високиот крвен притисок, анксиозноста и дијабетот се на некој начин поврзани со стресот.

Податоците на Фондот за здравствено осигурување, како што веќе објавуваа медиумите, покажуваат дека во изминативе години сè повеќе се зголемува употребата и на антидепресивите. Ако во 2017 година биле препишани над 2.000.000 рецепти за лекови против анксиозност, во 2021 биле препишани над 2.400.000 пакувања. Во истиот период, рецептите за седативи пораснале од 117.000 на 148.000, а на антидепресиви од 434 на 506.000 пакувања.

Инаку, освен за бројот на издадени рецепти и упати, новата платформа „Е-здравство“ содржи и информации за тоа кога треба да го однесете вашето дете на вакцина, информации за Програмата за рана детекција на малигни заболувања и останати податоци во реално време. Веб-платформата е изработена од Управата за електронско здравство, со поддршка од УНИЦЕФ и УСАИД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...