Делегација на Владата ќе положи цвеќе во чест на 23 Октомври

-

Делегација на Владата утре ќе положи венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, соопшти владината прес-служба.

Владината делегација ќе биде предводена од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кој ќе биде придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши, министрите без ресор, Едмонд Адеми и Зоран Шапуриќ, и од заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти генералниот секретар на партијата, Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа „Фејсбук“, ќе го одбележи Денот на македонската револуционерна борба со централен настан што ќе се одржи утре, во 13 часот, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Претходно, претставници на партијата ќе положат цвеќе пред споменикот посветен на основачите на ВМРО во Скопје.

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот брат. Првостепената...

Поради руско влијание поништени резултатите од првиот круг претседателски избори во Романија

Уставниот суд во Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори неколку дена откако беа декласифицирани извештаи кои тврдат дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање на екстремно...

Големи протести во Србија под мотото “Застани Србијо“ организирани поради несреќата во Нови Сад

Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и во други градови во Србија денес се застануваше на 15 минути во протестна акција за оддавање почит на 15-те загинати во трагедијата на железничката...

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во ОУ „Лазо...

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот...