Прислушувањето се врши легално со наредби од судот, велат од МВР

-

Следењето на комуникациите во Министерството за внатрешни работи се врши во согласност со законските процедури – со наредба од суд преку Јавното обвинителство, велат од МВР за „Нова ТВ“ во врска со обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изнесени во интервјуто во емисијата „Седмица“ на телевизијата „Алфа“, дека стотина членови на раководството на партијата се прислушувани од МВР.

„Тоа што го прави МВР е легално и со наредба од суд преку Јавното обвинителство, а токму обвинителството е тоа што ги води истрагите. Нелегалното масовно прислушување, главната одлика на владеењето на Никола Груевски, е предмет на истрага на Специјалното јавно обвинителство. Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ) постапуваат во согласност со своите надлежности и нивните активности во форма на оперативни акции и обработки во борбата против организираниот криминал, тероризмот, насилниот екстремизам и другите облици на противзаконско однесување, се од доверлива природа и не се коментираат јавно. Работата на овие служби е насочена кон штитење на интересите и на безбедноста на граѓаните и не се под контрола на ниту една политичка партија“, велат од МВР.

Од Министерството додаваат дека УБК во своето работење е фокусирано на лев и на десен екстремизам и радикализам, а тероризмот е посебен глобален феномен за кој и не треба посебно објаснување.

Оттаму потсетуваат дека во Собранието постојат две комисии чија функција е да вршат надзор над работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање (АР) и над примената на посебните истражни мерки (ПИМ).

„Тие комисии се добредојдени во секој момент да извршат надзор и контрола над примената на овие мерки“, велат од МВР.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера, во специјалното издание на магазинот „Седмица“ на „Алфа“, обвини дека членови на партијата се прислушувани во изминатиот период и дека во УБК е отворено досие под името „Македонски екстремизам и тероризам“.

– Такви досиеја се воделе во комунизмот и во 1990-тите против ВМРО-ДПМНЕ, како случаите „Темел“ и „Сина птица“. Така и сега, против ВМРО-ДПМНЕ се водат истраги за да се урниса партијата – рече Груевски.

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Одговорните од Иницијативата „Кој е следен?“ на нивниот профил на Инстаграм ги повикуваат граѓаните на собир пред Собранието во 11 часот. Во повикот пишува секој да си понесе столче. „Кога тие ги...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк...