Турската војска вечерва објавила соопштение во кое било наведено дека ја презела контролата над Турција, пренесуваат странските медиуми.
„Дел од војската изврши државен удар“, изјави премиерот на Турција, Бинали Јилдрим, откако е објавено дека воени хеликоптери ниско ги надлетувале Анкара и Истанбул.
Right now in the skies of #Ankara, fighter jets flying low. Please let this be some sort of training, I'm scared. pic.twitter.com/GBOIZL1sNZ
— Marina Lourenço (@lourenco_marina) July 15, 2016
Вооружените сили на Турција соопштиле дека ја презеле власта за да го заштитат демократскиот поредок и да ги сочуваат човековите права. „Си-ен-ен“ пренесува дека војската заробила одредени претставници на власта.
Бројни известувачи потврдуваат дека заробените се наоѓале во едно воено седиште во Анкара, а агенцијата „Анадолија“ јавува дека меѓу нив е и началникот на војската.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во изјава преку „Скајп“ ја обвини мрежата „Гуленист“ за обид за удар и го повика народот да излезе на плоштадите, улиците и на аеродромите. Тој истакнал дека „групата која се обидела да изврши удар е малцинство“. Ердоган, според информациите на медиумите, бил на годишен одмор во Бодрум и најавил враќање во Анкара.
Војската ја презела и зградата на турската државна телевизија ТРТ во Анкара, пренесува „Ројтерс“.
Во соопштението доставено до турските медиуми, војската навела дека постојните надворешни односи на Турција ќе бидат задржани и дека владеењето на законот ќе биде приоритет.
Одредени медиуми јавуваат дека воен хеликоптер пукал врз седиштето на Турската национална известувачка служба.
#Turkish army takes over state-run news agency, announcement expected soon. pic.twitter.com/1uay3Mmbc0
— Rudaw English (@RudawEnglish) July 15, 2016
Британски „Гардијан“ пишува дека Обединетите нации ги известиле вработените дека е во тек воен удар во Турција.
Граѓаните изјавиле дека забележале зголемено присуство на војска низ улиците, но не биле познати причините за тоа.
Турските медиуми пишуваат дека мостот на Босфорот во Истанбул, како и мостот Фатих Султан Мехмет се затворени, а дека истрели од огнено оружје се слушаат во Анкара.
Исто така, социјалните мрежи во Турција се блокирани, а националната телевизја ТРТ е исклучена, јавуваат медиумите.