fbpx

Чуркин: ИД ги губи позициите по руските напади во Сирија

-

Припадниците на Исламска држава почнале да ги губат своите позиции откако Русија ги почна воените операции во Сирија, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Виталиј Чуркин.

Истовремено, Чуркин категорично демантираше одредени западни претставници дека во воздушните напади на руската авијација страдаат и цивили.

Според рускиот постојан претставник во ОН, за разлика од руската авијација, членките на западната коалциија дејствуваат „крајно нетранспарентно и недоволно ефикасно“ и прикриваат информации за многубројните цивилни жртви.

Говорејќи за претстојните сириски преговори, Чуркин истакна дека не треба да се пропушти шансата да се најде мировно решение за Сирија.

– Недозволиво е таква шанса да се пропушти – рече Чуркин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...