fbpx

Членството на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид масовно ќе патува на вечерашниот митинг во Скопје

-

Општинското раководство на ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку денови го мобилизира членството за вечерашниот митинг во Скопје. Во општинскиот комитет на партијата најавуваат масовно присуство.

Според нивните најави, организирано, главно со автобуси, како и со други превозни средства, попладне кон Скопје ќе тргнат најмалку 2.000 лица.

– Заедно со своите сограѓани, денеска ќе покажеме, како и секогаш досега, како партијата се бори и ќе се бори за стабилна, силна и економски развиена Македонија. Ќе кажеме „не“ на сите црни сценарија, кои се во насока за дестабилизација на нашата Македонија и ќе докажеме дека интересите на државата и на граѓаните се пред личните и партиските интереси. Ќе покажеме дека се бориме за почитување на правото на глас и за почитување на изборната волја, за отворање нови работни места, нови фабрики, училишта, за изградба на автопати, стадиони, патишта и друго. Ќе дадеме поддршка на безбедносните сили за зачувување на државните приоритети и интереси. Ќе се заложиме за правата на земјоделците, за младите, за пензионерите, работниците и за сите други – изјави Атанаско Михаилов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...