fbpx

Четворица кандидати за нов претседател на СДСМ – денеска истекува рокот

Александар Бајдевски е четвртиот кандидат за лидер на социјалдемократите, кој својата кандидатура ја поднесе денеска во седиштето на партијата. Бајдевски е актуелен заменик-министер за информатичко општество и администрација, а во минатото извршуваше повеќе јавни функции под ингеренции на Владата

-

Рокот за поднесување на кандидатури за нов претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) истекува денеска. Постапката за пријавување на повикот што го објави партијата започна на 31 мај, а право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и „високите вредности, морални и етички норми“.

Александар Бајдевски е четвртиот кандидат за лидер на социјалдемократите, кој својата кандидатура ја поднесе денеска во седиштето на партијата. Бајдевски е актуелен заменик-министер за информатичко општество и администрација, а во минатото извршуваше повеќе јавни функции под ингеренции на Владата.

Со тоа, во игра за избор на нов лидер на СДСМ сега се вкупно четворица кандидати – покрај Бајдевски, кандидатури претходно поднесоа и Венко Филипче, Јован Деспотовски и Славјанка Петровска.

Вонредните внатрепартиски избори се закажани за 30 јуни.

Повикот за избор на нов лидер беше објавен откако СДСМ доживеа катастрофален пораз на парламентарните избори на 8 мај, кога освои вкупно 18 пратенички места. На изборната вечер, партискиот лидер во заминување Димитар Ковачевски најави оставка и повика на нови внатрешни избори на сите партиски тела, на централно и на локално ниво.

За в недела е закажан партиски Конгрес на СДСМ, на кој, покрај анализите за причините за изборниот резултат, Централниот одбор најави предлог измени на партискиот Статут, за мандатот на претседателот избран на вонредни избори да биде 4 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таравари: Сè уште немаме долгорочно и сигурно решение за хируршките клиники

Оперативниот програм во хируршките клиники е редуциран, има многу помалку операции во споредба со периодот кога работеше централниот компресивен систем. Но, сепак сè функцонира. Немаме сè уште долгорочно и...