fbpx

„Авантурите на една турбофолк принцеза“ на ОХО продукција освои главна награда во Шпанија

Проектот влезе во претселекција за наградата меѓу триесетина серии во развој и беше издвоен како најдобар од страна на интернационалното жири

-

Телевизиската серија во развој „Авантурите на една турбофолк принцеза“ ја освои главната награда на престижниот Conecta во Толедо, Шпанија, интернационален маркет за креирање, развој, продуцирање и финансирање на телевизиски содржини.

Проектот, како што информираат од ОХО продукција, влезе во претселекција за наградата меѓу триесетина серии во развој и беше издвоен како најдобар од страна на интернационалното жири.

На доделувањето на наградите, претседателката на жирито го оценила проектот како уникатен во својот концепт, храбар во својата тематика и гласен застапник на маргинализираните групи.

Наградата беше доделена од Советот на Европа, а се состои од 50.000 евра за развој на серијата чии автори се Андреј Волкашин и Петар В’лчев, а е во продукција на ОХО.

Фото: ОХО продукција

Серијата ја раскажува социјалната и емотивната приказна за младата девојка Васка чија животна желба да стане турбофолк пејачка, ќе ја охрабри да замине од родното место, а по запознавањето со бунтовната Ебони ќе ги вкуси сите сакани и несакани животни искуства.

„Овој телевизиски проект, кој се развива во изминативе 2 години, веќе имаше едно успешно претставување на интернационален филмски форум во Будимпешта, каде го привлече вниманието на продуценти и селектори на програми од Централна и Источна Европа. По освоената награда на CineLink на минатогодишниот Сараевски филмски фестивал, ова е втора главна награда за овој проект на ОХО продукција“, велат од продукцијата.

Серијата е копродукција меѓу Македонија и Бугарија, а во план е да започне со снимање во првата половина на 2025 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на...