fbpx
Таг: Александар Бајдевски

таг: Александар Бајдевски

Бајдевски: Бројот на дигитални услуги достигна 227, активно се користи порталот за е-услуги

На порталот „е-услуги“ се објавени вкупно 917 услуги, а постојано се зголемува бројот на дигитални услуги кој сега изнесува 227, изјави заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски на панелот „ЕУ интеграции и реформски можности“ во рамки на годишната конференција „Година на нови можности“. Бајдевски истакна дека Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) континуирано работи за обезбедување модерна...

Онлајн настан на ИЦЕДА: Дигитализирани услуги од државата значат подобар живот за граѓаните и поволна деловна клима за бизнисите

Дигитализацијата е клучна компонента во борбата против корупцијата во општеството, бидејќи го елиминира човечкиот фактор и го намалува ризикот од корупција, истакна заменик министерот во Министерството за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски на онлајн настанот „Дијалози за Дигитална агенда: Презентација на Извештај за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија“ кој се одржа...

Министерот Дамјан Манчевски повторно во самоизолација

Министерот за информатичко општество и администрација информираше дека е во самоизолација откако неговиот заменик министер и возач се позитивни на корона вирус. „Откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на ковид-19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација“, напиша синоќа...

Од МРТ се жалат на малку вработени и малку пари, од МИОА велат дека има превработеност и долгови

Дебата за финансирање, управување и регулирање на јавниот сервис се одржа во хотелот „Арка“, а учествуваа генералниот директор на МРТ, Марјан Цветковски, раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини како и претставници на Европска радиодифузна унија и еснафските здруженија. Цветковски на дебатата рече дека на некои сектори во Македонската радио-телевизија им се заканува целосно изумирање поради...

Од планирани 72 активности за реформа на јавната администрација, спроведени 27

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) денеска го презентираше првиот полугодишен извештај за спроведување на Стратегијата и Акцискиот план за реформа на јавната администрација. Дополнително, на истиот настан беше презентиран Извештајот за имплементација на Стратегијата за реформи на јавната администрација (СРЈА), изработен од „Евротинк“ и Фондацијата Отворено општество Македонија. Според заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, Стратегијата...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...