fbpx

Четири комисии ќе расправаат во Собранието

-

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за економски прашања, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се измените и дополнувањата на Законот за квалитетот на земјоделските производи и на Законот за јавните патишта, во прво читање.

Предлог-законот за градежните производи, измените и дополнувањата на Законот за електронска трговија, дополнувањето на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, сите во второ читање, ќе бидат разгледувани од членовите на Комисијата за економски прашања.

Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, на Законот за експропријација, Законот за денационализација, сите во второ читање, како и на Законот за персоналниот данок на доход, кој е во прво читање. На дневен ред на оваа Комисија е и завршната предлог-сметка на буџетот на Република Македонија за 2014 година.

Седница ќе одржи и собраниската Законодавно-правна комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...