fbpx

Иванов очекува решение на политичката криза

-

Мислам дека решение на политичката криза ќе има, изјави претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во интервју за телевизијата „Телма“, коментирајќи ја актуелната политичка криза.

Тој рече дека влогот е голем, а тоа значи задржување или губење на препораката од Европската комисија за почеток на пристапните преговори за членство во Европската унија.

Иванов изрази подготвеност за разговор со политичките лидери. Во врска со случајот со прислушувањето, претседателот Иванов очекува истрагата и судот да го кажат последниот збор. Тој побара разговорите меѓу лидерите на политичките партии да бидат искористени за постигнување консензус во однос на стратегиските прашања, посочувајќи го спорот за името.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...