Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, одговарајќи на новинаско прашање, денеска во Штип изјави рече дека случајот со фалсификуваните лични карти што го објави неделникот„Фокус“ е случај со политичка цел.
–  Начинот на кој беше изнесен случајот во јавноста, преку најава во медиуми, преку пишување во медиуми, па преку изјава на министерот за внатрешни работи, сето тоа беше очигледно со намера да се креира една атмосфера, да се прејудицира едно мислење дека овие лични карти се искористени за изборни цели. Изгледа дека тоа е дневно-политичка цел. Намерата беше да се стекне впечаток дека тоа е дел од долго најавуваните изборни нерегуларности. Колегите од одделот за организиран криминал работеа по наредба на Јавното обвинителство ги направија сите проверки и на крај се констатира дека овие лични карти не се користени за изборни цели. Ниту еден од овие податоци што стојат на овие лични карти, ниту едно лице од овие лични карти го нема во Избирачкиот список. Тоа е потврдено и од ДИК и од компјутерскиот увид и во пишаниот документ. Така што, се елиминира целата таа теза, конструкција, дека се искористени за изборни цели. Меѓутоа остануваат две прашања – кој и зошто го има направено тоа – изјави Чавков.
Заменик-министерот побара трпение бидејќи, како што рече, МВР може да ги даде одговорите на овие прашања.