fbpx

Проверка на факти

Српски „Информер“ вежба пропагандна војна против регионот

Белградскиот таблоид „Информер“ објави напис со наслов „Црногорците, Македонците, Хрватите и Бугарите со Шиптарите вежбаат за војна против Србија! НАТО се врти против нас!“ („Crnogorci, Makedonci, Hrvati i Bugari sa Šiptarima vežbaju za rat protiv Srbije! NATO nam radi o glavi!“) во кој се...

„Вистиномер.мк“: Химната не е отстранета од образовните програми за основците

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски, деновиве во јавноста ја пласираше информацијата дека „Во новата наставна програма химната е отстранета и наместо неа, Власта смета дека поважно за ќерка ми е да ја научи и пее Dzelem, Dzelem и албанската Shtatori“, која „Вистиномер.мк“...

Аудио документарец на БиБиСи: „Докторка за лажни вести“

Светскиот сервис на БиБиСи објави аудио документарец на тема сајтови за лажни вести од Велес, Северна Македонија со наслов Doctor Fake News („Докторка за лажни вести“) во кој се потсетува дека прв медиум што објави официјални разговори со сопствениците на порталите за лажни вести...

Дезинформации поврзани со неодамнешните пожари во земјата и светот

Иако пожарите се трагични настани, сепак, креаторите на лажни вести не ја пропуштија можноста и од вакви несреќи да извлечат корист, пишува „КриТинк.мк“ во анализата „Топ-7 дезинформации за неодамнешните пожари во земјава и светот“. Ова лето се случија два огромни пожара во светот, гореше Сибир...

Истражување предупредува на влијанието на руските пропагандни кампањи врз готовноста на црноморските членки на НАТО 

Известувајќи за неодамнешно истражување за состојбите на Црноморската флота на Романија и Бугарија, бугарскиот весник „Дневник“ како особен проблем го посочува влијанието на кампањите за дезинформации со кои Кремљ ги дестабилизира тие општества.  Според научниот труд од областа на безбедноста „Селективното  морско слепило на НАТО – проценка на новите морнарици...

За прв пат во Македонија се планира воведување „ветинг“

Процесот на проверка на интегритетот, работата и професионалноста на вработените или т.н. “ветинг” ќе се спроведе за прв пат во Македонија. Овој процес ќе започне во Министерството за внатрешни работи, а работните групи започнаа со подготовките. Работната група за “ветинг” во МВР, во четвртокот ја одржа...

Брнабиќ беше пречекана СО ЗНАМЕ пред Владата, но и со лажна вест

Речисти во исто време додека двајцата премиери, Зоран Заев и Ана Брнабиќ зборуваа за лажните вести, на неколку медиуми се појави вест дека српската премиерка била пречекана без знаме пред Владата. Како што може да се види од официјалните фотографии тоа е намерно објавена дезинформација. Оттаму, насловот на...

„Србија данас“ во „Рекет“ ја инволвира и Могерини – знаела, а не реагирала

Интернет порталот „Србија данас“, во текст посветен на аферата „Рекет“ во Северна Македонија, прави манипулација во насловот на текстот со што во аферата ја вовлекува и Федерика Могерини, еврокомесар за проширување во заминување и други луѓе од Европската комисија. Под наслов „Могерини знаела за криминалот...

Српска „Политика“ опасно го врза „Рекет“ со Преспанскиот договор

Најстариот српски дневен весник „Политика“ вчера (21.08.2019) излезе со текст насловен: „Рекет“ фрла ново светло врз Преспанскиот договор („Reket” baca novo svetlo na Prespanski sporazum), во кој прави конструкција дека Договорот со Грција за решавање на спорот со името е изгласан со рекетирање . Овој...

Како Јанева ја дозакопа довербата во институциите во Северна Македонија

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, од хероина, чија силуета на летните маички ја носеа и младо и старо во налетот за уривање на владата на Груевски, заврши разочарувачки неславно во притвор за злоупотреба на службената должност. Личноста која требаше да биде ( а едно...

Ѓилас најави тужба за српски „Курир“ кој тврди дека и тој се офајдил од парите од „Рекет“

Српскиот портал „Курир“, продолжувајќи го серијалот манипулативни написи за случајот „Рекет“  вчера (19.08.2019) објави текст со сензационалистички наслов испишан со големи букви: „ОТКРИВАМЕ КОЈ СЕ ОФАЈДИЛ ОД АФЕРАТА „РЕКЕТ“: Боки 13 им давал пари на Вук, Ѓилас и Бошко, А СЕ ГЛЕДАЛ И СО ЧЕДО“ (OTKRIVAMO KO SE OVAJDIO OD AFERE "REKET": Boki 13 novac davao Vuku, Đilasu i Bošku! VIĐAO SE I SA...

Синиша Дедеиќ: Со дезинформациите власта во Србија прави симулација на реалноста

Синиша Дедеиќ е уредник во „Истиномер“, а дел од тимот на „ЦРТА“ е од 2010 година. Дедеиќ заедно со тимот на новинари на „Истиномер“, портал за јавна отчетност и транспарентност, внимателно ги следат, проверуваат и оценуваат ветувањата и изјавите на политичарите, дали се доследни...

Манипулациите на „Ла Верита“ за „Рекет“се шират и во Албанија

Албанскиот портал „Syri.net“ (про-опозициски, десничарски медиум) објави подолг напис за последните случувања во Северна Македонија, поврзани со случајот „Рекет“, поконкретно, со објавените видео снимки од италијанскиот весник “Ла Верита”, а кој содржи и ретроспектива на поважните политички случувања во земјава во последните години. Па,...

Најголемите дезинформации за „Рекет“ во српските медиуми

Случајот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција „Рекет“ во кој осомничени се Боки 13 и Зоки Милески – Кичеец, сведок е Орце Камчев, а вмешаноста на СЈО и обвинителката Катица Јанева дополнително ќе се докажува, крена огромна прашина за време на...

Кого сѐ може да иритира македонскиот премиер Заев за една минута?

Во време кога македонската јавност сметаше дека аферата „Рекет“ во која на видеата објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“ се сугерира корупција на на високо ниво за влијание врз обвинители и судии во која е вклучен еден контроверзен селебрити, ќе се чуе и можеби и...

Српски „Информер“ дезинформира – не се менува знамето, тоа беше во 1995 година

Деновиве српскиот портал „Информер“објави текст со наслов со кој ја дезинформира јавноста:  „КРАЈ ЗА СОНЦЕТО ОД ВЕРГИНА! Македонците го отстрануваат симболот од знамето заради договорот со Грците! (KRAJ ZA SUNCE VERGINE! Makedonci uklanjaju i simbol sa zastave zbog dogovora sa Grcima!). Во конкретниот случај има грешка...

Како за „Ало“ случајот „Рекет“ стана „Ракета“, торбата „Луи Витон“ доби уред за следење и други глупости…

Хајката која српските таблоиди, здушни поддржувачи на тамошниот премиер Александар Вучиќ, ја водат против актуелните власти во Северна Македонија, користејќи го случајот „Рекет“ како алатка за напади, е главниот пропаганден лост на регионално ниво кој треба да создаде атмосфера дека владата во Скопје само...

Тијана Цвјетичанин: Дезинформациите не се случајни, туку се поддршка на одреден политички наратив

Тијана Цвјетичанин е дел од тимот на босанските сервиси за проверка на факти „Раскринкавање“ и „Истиномјер“, како и истражувач. Таа работи на оценување на изјавите и предизборните ветувања на политичарите, како и на медиумските содржини. Во интервју за „Мета.мк“ објаснува каква е состојбата со дезинформирањето...

Боки 13, Крлеуша: Kога „Rest In Peace (RIP)“ стана „Одморете се во мир“…

Порталот „ Екран“ денеска (13.08.2019) објави текст со наслов: „(ВИДЕО+ФОТО) БОКИ 13 „РЕКЕТИРАЛ“ ПОРАДИ ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША: „Курир“ открива што плус се крие зад аферата „Рекет““,  комплетно преземен од српски „Курир“ заедно со фотографиите и без никаква јазична, лекторска интервенција.   Освен што во споменатиот напис не е направена никаква проверка на искажаните тврдења во „Курир“ барем кај...

Со написи стари една година се помага ширењето дезинформации во Грција, Словенија и Македонија

Минатиот месец се појави нов тренд на ширење дезинформации на интернет сферата во Македонија: социјалните медиуми беа преплавени со линкови до написи стари една година промовирани преку реклами на Фејсбук и десничарски Фејсбук групи. Дел од овие написи првично биле објавени истиот месец, но пред...

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...