fbpx

Ѓилас најави тужба за српски „Курир“ кој тврди дека и тој се офајдил од парите од „Рекет“

-

Српскиот портал „Курир“, продолжувајќи го серијалот манипулативни написи за случајот „Рекет“  вчера (19.08.2019) објави текст со сензационалистички наслов испишан со големи букви: „ОТКРИВАМЕ КОЈ СЕ ОФАЈДИЛ ОД АФЕРАТА „РЕКЕТ“: Боки 13 им давал пари на Вук, Ѓилас и Бошко, А СЕ ГЛЕДАЛ И СО ЧЕДО (OTKRIVAMO KO SE OVAJDIO OD AFERE “REKET”: Boki 13 novac davao VukuĐilasu i Bošku! VIĐAO SE I SA ČEDOM).  

Оваа објава ги обвинува лидерите на српската опозиција за вмешаност во скандалот во кој главен осомничен е Боки 13 (Бојан Јовановски), притоа се изнесуваат непоткрепени тврдења дека опозиционерите преку советникот премиерот Заев – Бошко Обрадовиќ од земале „рекетот“ по неколку стотици илјади евра. Како што тврди „Курир“, рекетираната сума во вкупен износ  од (1 до 5 милиони евра)(?!), наводно, била наменета за финансирање на протестите против владејачката СНС и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.  За ваквите сериозни обвинувања порталот се повикува на неименуван извор, не нуди никакви докази и ја држи само едната страна без да  побара изјава  од засегнатите. 

Истиот ден,  еден  од лидерите на „Сојузот за Србија“ Драган Ѓилас, за македонските медиуми („А1 ОН“ и „Канал 5“негираше негова вмешаност во случајот „Рекет“ и вели дека ќе поднесе тужби против дел од српските медиуми кои го обвинуваат дека заедно со Вук Јеремиќ и Бошко Обрадовиќ  се офајдил  од рекетот на Боки 13“.

,,Јас не ги демантирам „Курир“, „Информер“, „Ало“, „Пинк“ и сличните пропагандни гласила на Александар Вучиќ. Посебно не за вакви будалштини. Само тужам, како што ќе тужам и за ова. Јасно е дека овие медиуми се во кампања против премиерот Зоран Заев со цел да ги нарушат, односите помеѓу двата најпријателски народи во регионот – македонскиот и српскиот. Но, во тоа нема да успеат“, изјави Ѓилас за телевизијата  „Канал 5“. 

Инаку, слични паушални обвинувања дека дел од парите од рекетот кој го правел Боки 13, завршиле во Србија за организирање на протестите на опозицијата“, при што се споменува износ од  400 илјади евра, деновиве беа пласирани и во едно интервју на српската телевизија Хепи. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...