fbpx
Свет Страница 692

Свет

ЕП ја ратификуваше спогодбата за асоцијација со Молдавија

Европскиот парламент денеска го ратификуваше политичкиот и трговски договор меѓу Молдавија и Европска Унија, пренесува „Радио Слободна Европа“. За sпогодбата за асоцијација, која Молдавија ја потпиша во јуни годинава, гласаа 535 пратеници, а 94 беа против. Пред да стапи на сила, спогодбата за асоцијација треба да...

Истанбул: Кривични пријави за напаѓачите на војниците на САД

Дванаесет турски државјани, кои се уапсени по нападот на американските војници во Истанбул, пуштени се денеска на слобода, но постои можност против нив да биде покрената кривична пријава за навреда и за нанесување телесни повреди, јавуваат турските медиуми. Група демонстранти, извикувајќи „Јенки одете си дома“,...

БИХ: Уапсени 11 осомничени за тероризам

Најмалку 11 лица се уапсени во Босна и Херцеговина под сомневање за тероризам, соопштија босанските власти. Повеќе од 100 полицајци учествуваа во акцијата „Дамаск“ на босанската Агенција за разузнавање и заштита (СИПА). При претресот на објектите, спроведен во неколку населени места, се конфискувале предмети кои можат...

(ВИДЕО) Американски војници нападнати во Истанбул

Членови на турската националистичка фракција, вчера, во Истанбул, нападнале морнари на американската флота. Американската амбасада во Анкара денеска изрази протест поради инцидентот. Напаѓачите, кои припаѓаат на Асоцијација на турската младина (ТГБ), прво вербално го нападнале трите припадници на американската морнарица кои застанале во Истанбул по маневрите...

Полицијата со солзавец против студентите во Атина

Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера четириесетината студенти кои насилно се обиделе да влезат во Атинската правна школа. Објектот на правната школа вчера беше затворен во знак на одбележување на годишнината од студентското востание на 17 ноември 1973 година против воената хунта. Портпаролката на...

Медведев: Од САД зависи дали ќе се подобрат односите со Русија

Руско-американските односи можат да се подобрат доколку САД го преземат првиот чекор, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев. - Топката, како што вообичаено се вели, е на нивна страна, тие треба да ги донесат потребните одлуки - изјави Медведев. Според рускиот премиер, надминувањето на проблемите може да се постигне...

Работници два часа висеа на највисоката зграда во САД

Работниците биле заглавени на 400 метри висина
Двајца чистачи на прозорци на новиот Светски трговски центар, речиси два часа виселе откако се скинале сајлите што ја држеле платформата на која стоеле. Во моментот на несреќата, работниците ги чистеле прозорците на 69. кат ,кој е на 400 метри висина на новиот највисок облакодер...

Индија: Уапсен лекарот кој со стерилизација усмрти 13 жени

Индиската полиција го уапси лекарот кој при масовна стерилизација усмрти 13 жени. Како што соопшти полицијата, осомничениот лекар за неколку часа извршил 83 операции во државен здравствен камп во Биласпур, индиската држава Чатисгар. Според првичната истрага, инструментите со кои ги вршел операциите, наводно, не биле...

Лавров и Кери телефонски разговараа за кризата во Украина

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, и државниот секретар на САД, Џон Кери, синоќа телефонски разговараа за ситуацијата во Украина и за текот на преговорите за иранската нуклеарна програма, соопшти портпаролот на Стејт департментот, Џен Саки. За време на разговорот, Лавров и Кери ја истакнале...

САД: Медицински сестри штрајкуваат за подобра заштита од ебола

Најмалку 100.000 медицински сестри протестираа во 15 сојузни американски држави, барајќи подобра заштита на здравствените работници што работат со заболени од ебола. Американскиот Национален сојуз на медицински сестри бара медицинските установи да купат специјална заштитна облека и респиратори, како и да спроведат обука на лицата што се...

Египет ќе ги депортира затворените странски државјани

Египет ќе ги депортира странските државјани кои се осудени на затворски казни во земјата, јавија светските агенции. Одлуката за депортација, која следува по указот на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, се донесува и на австралискиот новинар на телевизија „Ал Џазира“, Питер Грест. Грест во декември...

Албанец загина во Сирија

Албанец од редовите на ИСИС загина во Сирија, јавуваат балканските медиуми. Станува збор за албанскиот државјанин Шкелзен Думани од Пешкопеја, кој повеќе од една година се борел во Сирија на страна на екстремистите. Информациите за неговиот идентитет и за загинувањето ги потврдија и неговите роднини. Како...

Либија: Експлозија на бомби пред амбасадите на Египет и на Емиратите

Бомби експлодираа пред амбасадите на Египет и на Обединетите Арапски Емирати во либискиот главен град Триполи. Засега нема информации за жртви, ниту за предизвикани посериозни материјални штети. Експлозиите следуваа по серијата експлозии на автомобил-бомби, кои во средата експлодираа во неколку града во Лидија што се под контрола на...

Азербејџанските сили собориле ерменски хеликоптер

Срушен ерменски хеликоптер во близина на на отцепената територија Нагорно-Карабах
Азербејџанските воени власти соопштија дека собориле ерменски борбен хеликоптер во близина на отцепената територија Нагорно-Карабах, која е контролирана од етнички Ерменци. Прес-службата на министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека соборениот хеликоптер од типот „МИ-24“, им припаѓал на вооружените сили на Ерменија и дека „се...

Светски карикатуристи го исмеаја Ердоган

Светски познати карикатуристи почнаа кампања за исмејување на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, откако турскиот суд го осуди на девет години затвор карикатуристот Муса Карт. Интернет-кампањата вчера ја почна карикатуристот на „Гардијан“, „Индипендент“ и на „Индекс он цензоршип“, Мартин Роусон, откако Карт повторно се...

Украина се подготвува за војна на истокот на земјата

Украинската влада објави дека Русија „ја премина црвената линија“ и оти Киев повторно се подготвува за војна на истокот на земјата. Главна задача на вооружените сили е „подготовка за борба“ во време кога проруските сепаратисти ги групираат силите, соопшти министерот за одбрана, Степан Полторак, на...

ЈЕМЕН: Убиени седум припадници на Ал Каеда

Седум припадници на Ал Каеда, меѓу кои и жени, загинаа при нападите на американските беспилотни летала во Јемен, соопшти јеменското министерство за одбрана. Мета на нападите, според племенските извори, биле неколку припадници на Ал Каеда кои се собирале „под група дрва“ во близина на Азана,...

Шешељ: Хаг одвај чекаше да се ослободи од мене

Трибуналот само сакаше да се ослободи од мене, рече лидерот на Српската радикална странка, Воислав Шешељ, откако, по 11 и пол години минати во Хаг, се врати во Белград. - Хаг на брутален начин ме исфрли од темницата. Не го барав тоа ниту ми поставуваа некакви...

Во Мјанмар почна самитот на АСЕАН

Лидерите на земјите од Југоисточна Азија денеска се собраа во Мјанмар на Самитот на Сојузот на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), кој ќе биде насочен на зајакнување на регионалната соработка и на решавањето на територијалните спорови во регионот. Самитот на групата, која ја сочинуваат Брунеи,...

Седумдесет повредени и 276 приведени во демонстрациите во Полска

Најмалку педесет полицајци и 24 демонстранти се повредени за време на судирите во Варшава што избија за време на Маршот на независноста, организиран од националистички движења. На марш на Денот на независноста на Полска, кој го организираа националистичките движења, демонстрантите ја гаѓаа полицијата со Молотови коктели, со...

Се одржа тридневна обука за „Борба против дезинформации и проверка на факти“

Десетина млади лица од Југозападниот и Пелагонискиот регион учествуваа на тридневна обука за борба против дезинформации и проверка на факти која се одржа во Струга од 22 до 24...