fbpx
Свет Страница 691

Свет

Словенија: Уставниот суд го пушти Јанша од затвор

Уставниот суд на Словенија денеска одлучи претседателот на Словенската демократска партија и поранешен премиер, Јанез Јанша, да излезе од затвор. Како што јавуваат словенечките медиуми, Уставниот суд одлучил привремено да се одложи извршувањето на пресудата во предметот „Патриа“ до конечната одлука. Реагирајќи на пуштањето на Јанша...

Европската федерација на пензионери го укори Вучиќ

Писмо со неверување поради намалувањето на пензиите денеска му испрати генералниот секретар на Европската федерација на синдикатите на пензионери и возрасни лица (ФЕРПА), Бруно Константи, на српскиот премиер Александар Вучиќ. Тој во писмото наведува дека е зачуден од тоа што владата на Србиа предложила усвојување на...

Германија: Запалени згради за азиланти

Засега непознати лица, според германската полиција, подметнаа пожар во три празни згради во Баварија, кои биле наменети за сместување азиланти. Пожарот избувнал доцна синоќа, во место во близина на Нирнберг, а полицијата соопшти дека во еден од објектите нашла исцртани свастики и пароли против странци. За...

Нигерија: 40 загинати при експлозија на две бомби

Најмалку 40 лица загинаа при експлозија на две бомби во близина на нигерискиот град Џос. Засега никој ја нема преземено одговорноста за нападот. Ова е втор напад годинава во овој регион. Во мај сунитско-џихадистичкото движење Боко харам изврши бомбашки напад, при кој загинаа 118 лица.

Сенатот ја одобри војната против ИСИС

Американскиот Сенат ѝ даде зелено светло на Белата куќа за војна против џихадистичката група Исламска држава. Надворешно-политичкиот одбор на Сенатот ја изгласа резолуцијата на сенаторот Роберт Менендез, со која операциите на американската војска се ограничуваат на три години. Во документот се наведува дека ангажирањето на...

Притисок врз Косово за формирање суд за воени злосторства на ОВК

Се засилува притосокот на меѓународната заедница врз косовските власти за што побрзо формирање на специјалниот суд за злостроства извршени од припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), пренесуваат приштинските медиуми. Тие известуваат за разговорот на претседателката на Косово, Атифете Јахјага, со помошникот државен секретар на...

Нападната амбасадата на Израел во Атина

Израелската амбасада во Атина беше мета на вооружен напад рано изутринава. Зградата на амбасадата во атинската населба Нео Психико била нападната околу 3 часот наутро, со оружје од типот „калашников“. Околу зградата се најдени 54 истрелани куршуми. Во нападот нема повредени и причинета е...

Самоубиствен напад во Францускиот културен центар во Кабул

Неколку лица се убиени, а околу 15 се ранети во самоубиствен бомбашки напад на Францускиот културен центар во Кабул, кога за време на театарска претстава едно лице во публиката се разнело со бомба, пренесуваат медиумите. Франција жестоко го осуди нападот, нарекувајќи го „варварски чин“ и...

Папата Франциск нема да се сретне со далај лама во Рим

Папата Франциск нема да се сретне со далај лама за време на посетата на тибетанскиот духовен водач на Рим, престојниот викенд, соопштил денеска портпаролот на Ватикан, пренесуваат медиумите. Далај лама утре ќе допатува во тридневна посета на италијанската престолнина, каде што ќе присуствува на состанокот...

Либералите бараат објаснувања од ЕУ за вмешаноста во програмите на ЦИА

По објавувањето на извештајот на комитетот за разузнавање на Сенатот на САД, преку кој се откри бруталноста и тортурата што ја вршела ЦИА врз затвореници осомничени за тероризам, се креваат гласови и во Европската Унија кои бараат од европските влади да ја разјаснат улогата...

Слуачајот „Ел-Масри“ како бумеранг ќе ѝ се врати на ЦИА

Судскиот процес на Калид Ел-Масри против Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур би можел како бумеранг да ѝ се врати на ЦИА, оценуваат американски правни експерти. Директорот на Американската граѓанска унија за слободи, Ксина Шамси, смета дека извештајот на Сенатот за тортурите...

Србија нема да се откаже од мерките за штедење

Србија нема да се откаже од мерките за штедење бидејќи во спротивен случај бргу би се исправиле пред грчко или аргентинско сценарио, истакна српскиот премиер Александар Вучиќ. - Никогаш не знаете дали една влада може да одговори на незадоволството на народот. Сметам дека првпат направивме...

Таксистот од Кочани пуштен од полициската станица во Поликастро

Таксистот од Кочани кој беше зафатен од поплавите кај Кукуш е ослободен од грчките полициски органи и ќе се врати во Македонија. Кочанeцот вчера беше дел од човечка трагедија во Грција кога, поради лошите времески услови, возилото со кое управуваше и пренесуваше грчки државјанин од...

Кабул: Шест загинати и 10 повредени во самоубиствен бомбашки напад

Најмалку шест авганистански војници загинаа, а 10 се повредени при самоубиствен бомбашки напад во Кабул. Како што соопшти началникот на полициската служба во Кабул, во нападот кој е извршен врз автобусот на војниците, има повредени и цивили. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, кои тврдат дека...

Две жртви во невремето во Северна Грција, еден Македонец се спасил

Две лица загинаа во поплавите и во невремето што ја зафатија Северна Грција. Како што соопшти грчката полиција, едниот од загинатите е грчки државјанин кој патувал од Македонија кон Грција, а втората жртва на невремето е 50-годишен маж чие тело било најдено во надојдена река во...

АКАП: Обама им пресуди на заложниците во Јемен

Американскиот претседателот на Барак Обама е целосно одговорен за загинувањето на двајцата заложници во Јемен при неуспешната спасувачка операција на американските и на јеменските специјални сили, соопшти групата Ал Каеда на Арапскиот Полуостров. - Обама ја потпиша смртната пресуда на својот американски сограѓанин Лук Сомер,...

Земјотрес регистриран во близина на Тајван

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на Тајван. Според податоците на американскиот Геолошки завод, епицентарот на за земјотресот бил на длабочина од 254 километри под морското дно, на 106 километри североисточно од главниот град Тајпеј. Засега нема...

САД го затвори својот притворски центар во Авганистан

САД денеска ја затворија притворската единица во Баграм, соопшти американското Министерство за одбрана, додавајќи дека веќе нема ниту еден затвореник. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска соопшти дека САД повеќе нема да имаат право да држат притвореници во Авганистан. Гани, кој истакна дека е шокиран од...

Поранешни шефови на ЦИА: Нашите техники спасија илјадници Американци

Неколку поранешни директори и заменци-директори на ЦИА објавија статија во која го нападнаa Сенатот, обвинувајќи го за селективен напад на извештајот за разузнавачките техники во времето на Џорџ Буш, пренесува „Нова ТВ“. Според поранешните-лидерите на ЦИА, техниките за испитување давале резултат, односно велат, „спасиле илјадници...

(ВИДЕО) Палестински министер почина после судирите со израелската војска

Зиад Сабу Зеин, министер во Палестинската управа на Махмуд Абас, денеска почина откако израелските војници го туркаа и го удираа за време на протестите на Западниот Брег, соопштија лекарите. Брзата помош го собра Зеин, министер без портфељ, од местото на конфликтот, но тој починал на...

„Твич“ ги укина новите правила за рекламирање откако стримерите почнаа да ја напуштаат платформата

Услугата за пренос во живо „Твич“ објави дека ги укинува своите нови правила за рекламирање - одлука што ја донеле откако неколку стримери најавија дека ја напуштаат платформата. Оваа платформа,...