fbpx

Локалитетите за спортско качување ќе се користат за привлекување туристи

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Македонската спортско-качувачка федерација ќе го промовира авантуристичкиот туризам во земјава преку спортското качување. За подобрување на условите на качувачките локалитети кај Матка, Маврово и кај Кадина во близина на Скопје, поставени се добро оклинчени спортско-качувачки насоки...

Светскиот шампион во кревање тегови Андреј Драчев убиен во тепачка со шампион на ММА

Светскиот првак во дигање тегови, Русинот Андреј Драчев го загуби животот вчера претпладне во договорена тепачка во рускиот град Хабаровск. Тој се тепал пред едно кафуле во центарот на градот со шампионот во ММА, Анар Алакверанов. Како што пренесуваат руските медиуми, до тепачката дошло откако...

Денеска се одржува 31. Охридски пливачки маратон

Денеска се одржува 31. Охридски пливачки маратон, на кој, за титулите во машка и во женска конкуренција се борат 15 пливачи и седум пливачки. Патеката „Климе Савин“ на охридскиот маратон e долга 30 километри, започнува од манастирот „Свети Наум“ и завршува на градското пристаниште во...

Вардар го совлада Фенербахче со 2:0

Македонскиот шампион вечерва на преполната „Телеком арена“ во Скопје го совлада турскиот гигант Фенербахче со 2:0, со што обезбеди голема предност во борбата за пласман во групната фаза од Лига Европа. Вардар поведе во 20. минута од мечот со голот на Тигран Барсегјан, а...

В сабота на 31-от Охридски пливачки маратон 22 пливачи ќе се борат за титулите

На Охридското Езеро в сабота ќе се одржи 31-то издание на Охридски пливачки маратон, на кој за титулите во машка и во женска конкуренција ќе се борат 15 пливачи и седум пливачки. Патеката „Климе Савин“ на охридскиот маратон, долга 30 километри, започнува од манастирот „Свети...

Реал Мадрид го освои Супер купот во Скопје – Манчестер jунајтед поразен со 2:1

Екипата на Реал Мадрид вечерва во Скопје го освои Супер купот, победувајќи го Манчестер jунајтед со 2:1 на градскиот стадион „Филип Втори“ во Скопје. „Кралевите“ по четврти пат ќе го однесат трофејот во Супер купот во Мадрид. Првото полувреме заврши со резултат 1:0 за „кралевите“, откако...

Пријава за скопјанец што препродавал билети за Супер купот

СВР Скопје извести дека почнала постапка против еден скопјанец за препродажба на билети за Супер купот, по новиот став во Кривичниот законик со кој станува кривично дело препродажбата на билети за спортски и за културни манифестации. Скопската полиција вчера идентификувала еден скопјанец кој на интернет...

Поради Супер купот, препродавањето билети ќе биде кривично дело

Во Собранието по попладневната пауза експресно беше закажана и се одржа 10. седница, со единствена точка на дневен ред - донесување предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за кривична постапка во скратена постапка, со кој рекламирањето билети за препродажба и нивната препродажба...

Иницијатива за бесплатно сместување за обожавателите што ќе дојдат за Суперкупот

Поради огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје и кај некои станоиздавачи поради претстојниот Суперкуп на УЕФА, неколку млади луѓе почнаа акција да го обелат образот на Скопје пред фудбалските обожаватели. Со нивниот проект „Суперкуп Скопје“ SuperCupSkopje, членовите на заедницата WeTalkIT ги поврзуваат фудбалските...

Осум лица загинаа кога се урна ѕид при стампедо на фудбалски стадион во Сенегал

Осум лица загинаа, а околу 40 се сериозно повредени вчера, кога се урна ѕид на фудбалскиот стадион „Демпа диоп“ во главниот град на Сенегал, Дакар. На уривањето на ѕидот му претходела тепачка, а потоа стампедо предизвикано од фрлениот солзавец од полицијата, при што бил...

Одбојкарите освоија сребрен медал и никој не ги пречека

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, која вторпат го освои сребрениот медал во Европската лига, вчеравечер се врати дома, но за неа немаше организиран пречек, како за ракометарите, па сами минаа низ Порта Македонија, на плоштадот ја отпеаја македонската химна и потоа заиграа оро. Како што...

Спотот на ФФМ за Суперкупот на УЕФА како реклама за „Скопје 2014“

Натпреварот од Суперкупот на УЕФА, кој на 8 август во Скопје ќе го играат „Реал Мадрид“ и „Манчестер јунајтед“, повторно ја подгреа страста кај вљубениците во фудбалот, откако медиумите информираа дека „УЕФА го објавила“ промотивниот видеозапис. На јутјуб-каналот на УЕФА, пак, како и на нејзината веб-страница нема тако...

„Карпош соколи“ ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите

Кошаркарскиот клуб „Карпош соколи“ ќе биде единствениот македонски претставник во квалификациите за Лигата на шампионите на ФИБА. Кошаркарите од Карпош ќе одиграат три квалификациски натпревари за пласман во Лигата на шампионите. „Соколите“ ќе стартуваат од првото квалификациско коло и ќе треба да минат голем...

ВМРО-ДПМНЕ: Од подготовките на арената „Филип Втори“, остана уште паркиралиштето за репортажни возила

ВМРО-ДПМНЕ денеска порача дека ако не се одржи Суперкупот на УЕФА на Национална арена „Филип Втори“, виновна за тоа ќе биде власта на СДСМ. - До последниот извештај на УЕФА, Владата на ВМРО-ДПМНЕ редовно добиваше позитивни извештаи. Сè што беше побарано од стручните лица на...

Навивачите ќе може да се дружат со Лазаров и со другите ракометни репрезентативци

Во пресрет на клучниот натпревар против Чешка од квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Хрватска во 2018 г., навивачите денеска ќе имаат можност да се дружат со машката ракометна репрезентација. Настанот во чии рамки селекторот Раул Гонзалес, капитенот Кире Лазаров...

Спасовски се сретна со претставници на УЕФА

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска одржал работна средба со Жељко Павлица и со Франк Вијнвелд, претставниците на Европската фудбалска федерација (УЕФА), кои се вклучени во организацијата на претстојниот Супер куп на УЕФА, што треба да се одигра на 8 август во Скопје,...

Заев до ракометарите: Вашиот успех е мотив Владата силно да го поддржи спортот

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со ракометарите на „Вардар“ кои го освоија првото место во Лигата на шампиони, со раководството на клубот, како и со претседателот и со претставници на Ракометната федерација на Македонија. Тој, од името на Владата, им врачи плакета за благодарност. „Вашиот успех...

Ракометарите на „Вардар“ пристигнаа на плоштадот Македонија, славењето почна

Десетици илјади граѓани денеска се собраа на плоштадот Македонија во Скопје, каде ги пречекаа европските шампиони во ракомет, ракометарите на „Вардар“. Час и половина ечеа навивачки и патриотски песни, а се вееја знамињата на ракометниот клуб „Вардар“, на Македонија и со сонцето на Вергина. Ракометарите пристигнаа во...

На плоштадот Македонија се подготвува пречек на ракометарите на „Вардар“

На плоштадот Македонија се подготвува пречекот на ракометарите на РК „Вардар“, кои таму треба да пристигнат во 13 часот. Сцената, на која ќе се одвива предвидената програма, е поставена во близина на Камени мост. Ракометарите на „Вардар“, кои ја освоија европската шампионска титула, се очекува да...

Скопје утре ќе ги пречека ракометарите на Вардар – новиот европски ракометен шампион

Градот Скопје утре на плоштадот Македонија ќе организира пречек на новите европски ракометни шампиони - ракометарите на Вардар. Ракометарите на Вардар, како што соопштија денеска од Град Скопје, се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ утре во 11.15 часот, од каде ќе се упатат...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...