fbpx

Вардар е новиот европски ракометен шампион

Екипата на Вардар е новиот европски ракомет шампион, откако со резултат 24:23 го совлада тимот на Пари Сен Жермен во финалето од Лигата на шампионите, што се одржа во Келн, Германија. Во драматична завршница, победничкиот погодок во последната секунда од мечот го постигна Иван Чупиќ...

Ракометарите на Вардар ја победија Барселона и ќе играат финале во Лигата на шампиони

Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа тимот на Барселона со резултат 26:25 (полувреме 13:12) и ќе играат за шампионската титула на завршниот финален турнир од Лигата на шампионите, што се одржува во Келн. Победата на Вардар му ја донесе Лука Циндриќ со гол во последните секунди...

Успех на македонските учесници на Вториот светски куп за боречки вештини во Сер

Младите борачи од битолската академија за боречки вештини „За-нед-до“ постигнаа одличен успех и освоија 38 медали на Вториот светски куп за боречки вештини кој викендов  се одржа во Сер. На Вториот светски куп за боречки вештини учествуваа 30 држави, меѓу кои и Македонија. Членовите на битолската академија...

8.500 учесници од 51 држава денеска трчаа на „Виз ер скопски маратон“

На „Виз ер скопски маратон 2017“, кој денеска се одржа низ скопските улици, трчаа 8.500 учесници од 51 држава, што е рекорден број, информираа организаторите. Промоторки на маратонот годинава беа близначките од Естонија, Леила, Лина и Лили, кои трчаа и на маратонската трка на Олимписките игри...

Тетовецот Симјановски го освои првото место на ултрамаратонот на Фрушка Гора

Ултрамаратонецот Александар Симјановски од Тетово го освои првото место на ултрамаратонот на Фрушка Гора, Србија, кој се одржа изминатиов викенд. Се работи за трка по планинска патека долга 107 километри, а вкупната денивелација на патеката изнесува околу 4.200 метри. Симјановски ја истрчал патеката за 16 часа...

ФК „Тетекс“ во сериозна криза, му се заканува згаснување

Фудбалскиот клуб „Тетекс“ се наоѓа во најтешка ситуација од своето формирање. Од раководството на клубот велат дека функционираат поради добрата волја на играчите, на кои не можат да им ги платат ниту патните трошоци. Од клубот уште еднаш побараа помош од фирмите, за да не...

Марјан Лазовски, нов селектор на сениорската женска кошаркарска репрезентација

Марјан Лазовски е назначен за нов селектор на сениорскиот национален кошаркарски тим во женска конкуренција, соопшти Македонската кошаркарска федерација. По бројните ангажмани на клупски план како тренер, Марјан Лазовски пет години беше и дел од стручниот штаб на сениорскиот национален тим во машка конкуренција, а...

Со сино пребоени жолтите столчиња на стадионот во Штип

Во герила-акција ноќеска биле поминати со „х“ во сина боја свежо обоените жолти столчиња на трибините на стадионот каде игра фудбалскиот клуб „Брегалница“. Ноќниот чувар забележал три-четири луѓе, кои трчајќи го напуштаат стадионот. Трибините на реновираниот стадион пред една недела добија редови со столчиња во...

Сениорската женска кошаркарска репрезентација пријавена на квалификациите за Евробаскет 2019

Сениорската кошаркарска репрезентација во женска конкуренција по три години отсуство од кошаркарската сцена во Европа, ги почнува активностите. Тоа што претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, како и генералниот секретар, Моника Гаврилоска, го најавија минатата година на собирот со сениорките, оваа година ќе стане...

Червар не е повеќе селектор на македонската ракометна репрезентација – се откажал вчера

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) попладнево преку соопштение го објави крајот на соработката со селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Лино Червар. Федерацијата соопшти дека по истекот на рокот што му го дале, Червар вчера информирал дека сепак ја одбрал понудата да биде селектор...

Јорданчо Давитков е новиот селектор на машката кошаркарска репрезентација

Нов селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација е Јорданчо Давитков, објави денеска Македонската кошаркарска федерација (МКФ) на својата веб-страница. Ова е вторпат поранешниот славен кошаркар да биде стратег на националниот тим. Тој своевремено го наследи Марин Докузовски на клупата на националната селекција во 2001 година,...

Навивачката група „Мајмуни“ до „Партизан“ и ПАОК: Банкрот за Грција и НАТО – 1999 за Србија

Навивачката група „Мајмуни“ на фудбалскиот клуб Победа од Прилеп, викендов им одговори на навивачите на српскиот клуб „Партизан“ и на грчкиот ПАОК, кои во средата во Солун истакнаа транспарент на кој беше испишано „Македонија е Грција, Косово е Србија“. Навивачите на „Победа“ од Прилеп објавија...

Берни Еклстоун „исфрлен“ по 40 години, Формула 1 во рацете на „Либерти медиа“

Берни Еклстоун, кој беше на врвот на Формула 1 речиси 40 години, сега е само почесен претседавач и советник на одборот на директори, откако „Либерти медиа“ го заврши преземањето на Формула 1 почнато во септември лани, јавија светските медиуми. Функцијата главен извршен директор што ја извршуваше...

Македонските ракометари со 34:30 го совладаа Тунис на СП во Франција

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Мец го совлада тимот на Тунис со резултат 34:30 и со победа го почна настапот на Светското ракоментно првенство што се одржува во Франција. Најефикасен стрелец на мечот беше капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, кој постигна 12 гола, а...

На Мундијалот во 2026 година ќе играат 48 репрезентации, одлучи ФИФА

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска едногласно одлучи Светското фудбалско првенство да биде проширено и на него да учествуваат 48 репрезентации. По Светските првенства во Русија во 2018 година и во Катар во 2022 година, на следниот Мундијал во 2026 година, чиј домаќин сè уште не...

Усеин Болт по рекорден шести пат прогласен за најдобар светски атлетичар

Светскиот рекордер на 100 и на 200 метри, Усеин Болт, по шести пат ја доби наградата за најдобар атлетичар на светот во изборот на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ). Деветократниот олимписки шампион во последните девет години само трипати не го доби ова признание, а до рекордот стигна...

Светскиот шампион Нико Розберг се пензионира од Формула 1

Светскиот шампион во Формула 1, Нико Розберг, денеска објави дека се пензионира од Формула 1 и дека неговата одлука е конечна и веднаш стапува на сила, јавува „Би-би-си“. Триесет и едногодишниот Германец својата прва шампионска титула ја освои во неделата, завршувајќи ја трката за Големата...

На казахстанските олимпијци им се одземени медалите од Пекинг

Олимпискиот комитет на Казахстан денеска соопшти дека на тројца спортисти од земјата им се одземени олимписките медали по новите тестирања на примероците од Олимписките игри од Пекинг од 2008 година. Без сребрени, односно бронзени медали останаа Ирина Некрасова и Марија Грабиветсаја, кои се натпреваруваа во...

ФИФА ќе ги казни Косово и Хрватска

ФИФА поведе дисциплински постапки против Косово и Хрватска поради тоа што навивачите на двете репрезентации за време на квалификациските натпревари за Светското фудбалско првенство извикуваа антисрпски пароли. Навивачите на своите јазици скандирале „Убиј го Србинот“ на натпреварот на кој Хрватска победила со 6:0. Натпреварот се одиграл...

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва домаќин на Италија

Македонија е домаќин на репрезентацијата на Италија, а фудбалскиот натпревар ќе се одржи вечерва на Национална арена „Филип Втори“ во 20.45 часот. Натпреварот е во рамките на квалификациите за Светско првенство во 2018 година. Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) апелираат навивачите да дојдат навреме и нагласуваат дека вратите на...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...