fbpx

Мета факт

Мета факт: Четири месеци МОН не ги објавува листите за стипендии за втор и трет циклус

Изјавата на надлежните во МОН дека резултатите ќе бидат објавени минатата недела, е неточна. Министерството за образование и наука не ги објавува резултатите од конкурсите за стипендија за студентите на втор и трет циклус студии. Имено, повеќе од четири месеци откако беа објавени конкурсите...

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше да се надминат проблемите детектирани во старата хардверска и софтверска инфраструктура во изминатите години. Сепак,...

Мета факт: Во тек е вклучувањето на државните инспекторати во Е-инспектор

Фото: Борче Поповски/Kolektif.mk
Единаесет државни инспекторати се веќе дел од системот Е-инспектор, додека пет чекаат да им се обезбедат технички услови во текот на следните десетина дена. Дигитализацијата на инспекторатите ќе треба да опфати уште 12 инспекциски служби, кои се внатрешни организациски единици на органи на државната...

Meта факт: Владата само делумно ја оствари финансиската помош за родителите со ниски примања

Експремиерот Димитар Ковачевски, во јавно обраќање од собраниската говорница, во декември минатата година најави дека повеќе од 105.000 ученици во основното образование и во средното образование, во наредните 6 месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари, секој месец. Но, дел од родителите со...

Мета факт: Ништо од зелените кули за „нула смог“ на Муцунски

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски во својата предизборна програма од 2021 година вети дека при реконструкциите на фасадите ќе бидат предвидени нови простори за вертикално зеленило кое ќе гарантира и пониско ниво на загадување. Во програмата имаше и ветување дека ќе се предвидат...

Мета факт: Пецаков не субвенционира курсеви по информатика, англиски и математика за студенти и невработени со ниски примања

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во својата предизборна програма пред локалните избори од 2021 година, насловена како „За Охрид гарантираме, создади нова иднина“, вети дека студентите и невработените лица ќе добијат субвенции за курсеви по информатика, математика и англиски јазик. Конкретно, на ова предизборно...

Мета факт: Кисела Вода сепак доби втора мерна станица за квалитет на воздухот

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во ноември 2021 година најави дека мерни станици што ќе го определуваат квалитетот на воздухот ќе се постават околу сите големи загадувачи во општината. Иако две години подоцна, единствено беше функционална мерната станица до Домот на културата...

Мета факт: Младите од Карпош не добија можност за практикантство во локални компании

Градоначалникот на Општината Карпош, Стевче Јакимовски во својата изборна програма „Моќен сојуз, јас и вие“, вети дека локалната власт ќе им даде поддршка на младите жители за стекнување практикантско искуство во фирми од Карпош. Во програмата на Јакимовски, во делот посветен на младите, се...

Мета факт: Од паркот на дрвјата во Аеродром засега нема ниту трева

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, во својата програма за работа за својот мандат од 2021 година, меѓу другото вети дека ќе изгради парк од 5 илјади квадратни метри зад трговскиот центар Лиса во населбата Ново Лисиче. Во програмата, којашто сега веќе ја нема на...

Мета факт: Тошковски невистинито тврдеше дека ќе важат возачките дозволи со старото име

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски на 6 февруари годинава во интервју за телевизија Алсат изјави дека во државата ќе важат возачките дозволи на граѓаните со старото име - Република Македонија. Само пет дена по оваа изјава, вчера, МВР излезе со соопштение дека...

Мета факт: Општина Карпош не изгради трим патека до крстот на Водно

Општината Карпош досега не изгради трим патека за рекреација на граѓаните до Милениумскиот крст на Водно, иако овој проект беше едно од изборните ветувања на градоначалникот Стевче Јакимовски. Од Општината сега информираат дека не се подготвени самостојно да го реализираат овој проект, туку дека...

Мета факт: Градоначалникот Стојкоски засега не го оствари ветениот проект за млади програмери

Александар Стојкоски, актуелниот градоначалник на општината Ѓорче Петров, во својата предизборна програма за работа, вети дека ќе организира натпревар за млади програмери кои треба да се натпреваруваат во изработка на апликации. Сепак, досега овој проект не е реализиран и до овој момент не се...

Мета факт: Не е точно дека се заговара покачување на школарината што ја плаќаат студентите на УКИМ

Низа објави на социјалните мрежи и медиумите изминатиов викенд го кренаа алармот меѓу македонските студенти, преку (дез)информацијата дека школарината што на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) ја плаќаат идните академски граѓани, наводно ќе се зголеми двојно. Овие наводи денеска ги демантираа и ректорката...

Мета факт: Орце Ѓорѓиевски подзаборави на еколошките проекти против аерозагадувањето

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски пред локалните избори во 2021 година вети општински субвенции за реализација на еколошки проекти со кои ќе се намали аерозагадувањето, нагласувајќи дека загадувањето е еден од најголемите проблеми во општината. Ваквото предизборно ветување е во тек на...

Мета факт: Општина Гази Баба не изработи акциски план, ниту систем за мониторинг на аерозагадувањето

Аерозагадувањето во Скопје руши неславни рекорди, а една од општините во главниот град која има голема концентрација на индустриски објекти на нејзината територија - Општина Гази Баба ги нема исполнето ветувањата за изработка на Акциски план за намалување на загадувањето на воздухот и за...

МЕТА ФАКТ: Помина уште една година, ветената доизградба на зградите на ФИНКИ и ФФК не продолжи

Најголемиот и најброен факултет во државата, ФИНКИ, останува без свој сопствен објект, исто како и неговиот „иден сосед“ – Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ). Најавата дека изградбата на зградите на овие два факултета ќе продолжи годинава не се реализираше и според...

МЕТА ФАКТ: Иако беше ветено, цела година не започна реконструкцијата на студентските домови

Најавувана па одложувана, но никако да го „види светлото на денот“ – реконструкцијата на студентските домови во државата и понатаму останува неисполнето ветување на Владата и на Министерството за образование и наука (МОН), како надлежна институција за процесот. И покрај тоа што за оваа...

Мета факт: Новата населба за млади во Кисела Вода допрвa ќе се реализира

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во предизборната програма има ветено проект - реализација на нова населба за млади „Чупино брдо“. Локалните власти информираат дека на ветувањето се работи, односно дека Деталниот урбанистички план за идната населба ќе биде донесен во 2024...

Мета факт: Младите не добија посебна квота за субвенции за велосипеди во Општина Центар

Скопската општина Центар до денес нема воведено посебна квота за млади до 29 години во рамките на редовните повици за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети кои ги објавува за граѓаните на оваа општина секоја година. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во предизборната...

Мета факт: Општина Карпош финансиски помогна при изградба на ново прифатилиште за улични кучиња

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во својата предизборна програма, во делот „Екологија“, вети дека ќе отвори професионален стационар за сместување бездомни кучиња. Советот на Општина Карпош минатиот месец донесе одлука за давање финансиска помош на стационарот за бездомни кучиња кој во моментов го гради...

Мицкоски на средба со амбасадорите на државите членки на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорите на државите-членки на Европската унија. Тие разговарале за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата...