fbpx
Македонија Страница 1978

Македонија

Предновогодишен собир „Го сакам ГТЦ“

Архитектите под мотото „Го сакам ГТЦ“, денеска, во 19 часот, организираат предновогодишен собир околу Градскиот трговски центар, против иницијативата за менување на изгледот на објектот. Предвидено е јавно говорење, настапи на повеќе музички ѕвезди и формирање жив ѕид од луѓе околу ГТЦ. - Ги повикуваме сите...

Студентскиот и професорскиот пленум ќе имаат отворено заседание пред Собранието

Утре, во 11 часот, пред Собранието, „Студентски пленум“ и „Професорски пленум“ ќе организираат отворено заседание. На заедничкото заседание ќе се дискутираат прашањата за организирање масовни демонстрации на незадоволство и револт, како и за начинот на организиран отпор кон предложените измени во законот за образование. Настанот е најавен...

Брет: Потребни се консултации за образовните реформи

Квалитетот на образованието е многу важен и одговорност на оваа Влада е да го обезбеди тој квалитет и да создаде услови, но предложениот државен испит сигурно ќе влијае на воспоставените практики и ќе биде голема промена за средните училишта и за факултетите, вели амбасадорот...

Неисправна инсталација, причина за пожарот во црквата „Свети Атанасиј Велики“

Неисправна електрична инсталација е причина за пожарот што избувна вчера во црквата „Свети Атанасиј Велики“ во Богданци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пожарот кој избувна во петокот, во 10 часот, се прошири и во целата црква. Во пожарот нема повредени.

Седум системски грешки виновни за падот на „кингерот“

Седум системски грешки на пилотите придонеле за несреќата во која загинаа претседтелот Борис Трајковски и неговиот тим, соопшти денеска на прес-конференција Омер Кулиќ, претседтел на тимот за испитување на несреќата. Авионот се спуштил под минимално дозволена висина, временските услови биле неповолни, а пилотите не ја...

Истражувачки тим: СФОР намерно ја криеле локацијата на падот на „кингерот“

Денеска, на прес-конференција, претставник на експертскиот тим што го истражуваше падот на авионот во кој загинаа претседателот Борис Трајковски и неговиот тим, детално ги презентираше резултатите од двегодишната работа на случајот и, како дел од заклучоците, наведе дека авионот бил најден 25 часа по падот. -...

Македонски војници заминаа за Авганистан

Дваесет припадници на АРМ кои треба да бидат дел од мисијата „Одлучна поддршка“ денеска заминаа во Авганистан. Во мисијата „Одлучна поддршка“ македонските мировници ќе ја обезбедуваат командата на мисијата, задача која и досега ја извршуваа припадници на АРМ во рамките на мисијата ИСАФ. На испраќањето присуствувааа...

СДСМ: Во Македонија деца умираат од глад

Во Македонија, во 21 век, деца умираат од глад. Македонија почна да личи на Африка, обвинуваат од опозицискиот СДСМ. - Пред само три дена, на Клиниката за детски болести почина двегодишно детенце. Прегладнето, премрзнато, попуштило неговото детско срце во рацете на лекарите кои не успеаја...

ВМРО-НП: За СПЦ македонските христијани се „крстени души во БЈРМ“

Српската православна црква (СПЦ) најбрутално ги навреди Македонците со последното соопштение, во кое наместо македонски христијани го употребува терминот „крстени души во БЈРМ“, реагираше денеска ВМРО-Народна партија, пренесе „Нова тв“. - Крајно сме огорчени од негаторските и непријателски ставови кон сè што претставува идентитет на...

СЦ „Јане Сандански“ најуспешно архитектонско дело за 2014 година

Најдобро архитектонско дело во 2014 година е Спортскиот центар „Јане Сандански“, реши Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Спортскиот центар го изработи архитектонското студио „Радо инженеринг“, а одговорни проектанти се Ѓоко Радовановиќ и Горан Тодоровиќ. „Архитектот создава дела од човекот за човекот, за сегашните, но и...

Утре тутунарите ќе го блокираат патот Струмица – Штип

Незадоволните тутунопроизводители од Радовиш и од Струмица, утре од 12 до 13 часот ќе го блокираат магистралниот пат Струмица – Штип. Самостојниот синдикат на земјоделците блокадата ја организира поради ниската откупна цена и процентуално високите одбитоци за влага и за песок. Магистралниот пат ќе биде блокиран на...

Битолските студенти со порака до власта: Лажете, немаше јавна расправа

„Стоп за лошите реформи“,„Лажете, немаше јавна расправа“, „Разговарај разумно со тиранин и тој ќе те нарече глупак“, беа само дел од паролите и од скандирањата на битолските студенти што денеска неколку часа маршираа низ Широк сокак, за уште еднаш да го искажат свој став против...

Промовиран „Зборник на политички затвореници“

Документи, фотографии и копии од пресуди се дел од содржината на вториот том на „Зборник на политички затвореници“, што денеска во Штип го промовираше здружението на граѓани - политички прогонувани, затворани и осудувани за идеите за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност. Авторот Никола...

Борко пак протестираше со студентите

Борко, кучето-демонстрант од Скопје, како атинскиот Луканико, беше присутно и на третиот студентски протест. Тој се појави точно навреме кога почна протестот и предизвика воодушевување кај присутните. Борко претходно се појаувавал на неколку протести, маршови и на настаните за промовирање на велосипедизмот. Како што пишува на „Фејсбук“,...

Прва седница на Советот на националната инфраструктура на просторни податоци

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, денеска ја одржа првата седница на Советот на националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП). Советот ќе го следи развојот на националната инфраструктура на просторни податоци, ќе ги креира политиките поврзани со просторните податоци и нивната употреба и ќе учествува...

„Црвен тепих за граѓаните“ во Владата

Граѓаните денеска имаа можност да ја посетат Владата на Република Македонија, да прошетаат низ објектот и во работните сали и да видат како работат институциите, во рамки на манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“. - Манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“ е дел од проектите што ги...

20 војници утре заминуваат во мисија во Авганистан

Утре во мисијата „Одлучна поддршка“ во Аганистан свечено ќе бидат испратени 20 припадници на Армијата на Република Македонија. Од Министерството за одбрана соопштија дека на свеченото испраќање ќе приуствуваат и ќе се обратат министерот Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески.

Студентите и професорите побараа Владата да отстапи

Неколку илјади студенти, професори и средношколци се собраа пред Владата на Република Македонија и побараа повлекување на законот за високо образование кој предвидува воведување државен испит на факултетите. Извикувајќи „Доста се криете“, „Екстерно за владата“, „Автономија“, „Нема правда, нема мир “ на македонски и...

Обвинителството го доби извештајот за падот на „кингерот“

Меѓународниот стручен тим денеска до македонското Јавно обвинителство го достави извештајот за авионската несреќа во која животот го загуби претседателот Борис Трајковски и осуммина негови соработници и членови на екипажот. - Јавното обвинителство на Република Македонија го достави извештајот до надлежното обвинителство на понатамошно разгледување...

Утре ќе се украсува новогодишна елка во Охридско Езеро

Утре, во водите на Охридско Езеро, традиционално, по тринаесетти пат, ќе се украсува подводна новогодишна елка. Овој несокојдневен настан, единствена таква атракција во овој дел на Европа, се организира кај месноста Заливот на коските, односно возобновеното праисториско наколно живеалиште. Подводната новогодишна елка, по традиција, ќе...