fbpx

СДСМ: Во Македонија деца умираат од глад

-

Во Македонија, во 21 век, деца умираат од глад. Македонија почна да личи на Африка, обвинуваат од опозицискиот СДСМ.

– Пред само три дена, на Клиниката за детски болести почина двегодишно детенце. Прегладнето, премрзнато, попуштило неговото детско срце во рацете на лекарите кои не успеаја да го спасат. Децата станаа жртви на системот кој има обврска да се грижи за нив, да ги штити и да превенира секаква злоупотреба – овини Мила Царовска, претседателка на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Таа ги обвини социјалните служби кои имаат обврска да превенираат вакви случаи дека воопшто не се на терен и не ја следат состојбата во семејствата.

– Наместо да се вложува во овие институции, според податоци од Заводот за статистика, бројот на административни работници во центрите за социјална работа е за 30 отсто поголем од бројот на социјални работници, кој од година во година се намалува. Дека алармот за детската сиромаштија во Македонија треба да се вклучи, зборува и Годишниот извештај на Првата детска амбасада „Меѓаши“. На нивниот СОС-телефон, децата најмногу пријавувале сиромаштија во нивните семејства! 55 деца побарале материјална или финансиска помош. Ова говори дека загрозената семејна егзистенција, сиромаштијата, болно, потресно допрела до невината, кревка детска душа. Македонија почна да наликува на Африка – вели Царовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...