среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: студ | 31 резултати

Сончево и студено време, од утре нови обилни врнежи од снег

8 јануари 2019

Времето денеска ќе биде сончево и студено време со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде ведро и студено со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се спуштат под минус 10 Целзиусови степени, а во Пелагонија и Малешевијата и до минус 18 Целзиусови степени. Дневните температури скоро насекаде ќе бидат под нула. Утринската […]

МЗШВ: Не се очекуваат позначителни штети од снегот и студот врз овошките

23 март 2018

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека не се очекуваат значителни штети на родот на овошките од снегот и студот. Од министерството велат дека во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), состојбата се следи внимателно и дека според метеоролозите снежниот бран ги затекнал овошките во фаза на полно цветање, во која нивната […]

Времето денеска со повремен снег

22 март 2018

Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, а во јужните делови од земјава дожд и снег, додека во крајниот југоисточен дел од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 литри на квадратен метар. Снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб […]

Поларни температури од денеска, Македонија во вонредна состојба

1 март 2018

Студен бран од портокалова фаза денеска ја зафати целата држава. Утринските температури се движеа од -18 до -9 Целзиусови степени, а дневните ќе изнесуваат од -4 до 2 степена. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура се симне до -15 Целзиусови степени, […]

Балканот ќе биде зафатен со поларен студ и интензивни снежни врнежи

22 февруари 2018

Балканот за време на викендот ќе биде зафатен со интензивни снежни врнежи и многу ниски температури, каде што во некои делови ќе се спуштат и до минус 20 Целзиусови степени, предупредуваат метеоролозите од Србија и Хрватска. Хрватска веќе се соочува со големо снежно невреме, при што и хрватската војска е вклучена во расчистување на снегот и […]

Сончево и релативно топло време денеска

29 јануари 2018

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло. Мала локална облачност се очекува на истокот во претпладневните часови, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во котлините претпладне ќе биде магливо, а температурите се очекува да се движат од 9 до 15 Целзиусови степени. Во главниот град претпладне ќе биде магливо со […]

Поради снежното невреме и студот во САД, починаа најмалку 17 лица

5 јануари 2018

Најмалку 17 лица починаа од студ, предизвикан од снежното невреме и поларни температури кои зафатија најголем дел од Соединетите Американски Држави. Сите летови од Њујорк и од Њу Џерсу се откажани поради силниот ветер и снежната бура која се најавува. Во Њујорк се очекува да наврнат од 15 до 20 сантиметри снег. Таканаречената метеоролошка „циклон бомба“ е проследена […]

Температурата утре ќе падне за осум степени

27 октомври 2017

Во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните делови, а на планините врнежите ќе бидат од снег, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток, каде на моменти ќе достигнува брзина и над […]

Родот на 650 земјоделци од Пелагонија настрада од априлскиот студ

15 мај 2017

Априлскиот студ и мраз годинава го уништи родот кај близу 650 земјоделци од Пелагонија. Според подрачниот раководител  на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство во Битола, Илија Србиновски, денеска завршува увидот на стручните комисии за проценка на штети, по што извештаите ќе бидат пратени во министерството во Скопје за исплата на штетите. – Три комисии, […]

Тројца бегалци починале од студ во кампот Морија на Лезбос

30 јануари 2017

Бегалец утринава е пронајден мртoв во кампот Морија на Лезбос. Станува збор за момче на возраст меѓу 18 и 20 години, најверојатно од Пакистан, кое починало од премрзнување. Момчето е трета жртва од студот во бегалскиот камп Морија во Грција. Викендов од студ почина и 46-годишен бегалец од Сирија, а на 24 јануари од премрзнување […]

Oблачно со врнежи од снег и со температура до 4 степени

18 јануари 2017

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег. Претпладне врнежите ќе бидат послаби и локални, а попладне, почнувајќи од запад, ќе се интензивираат. Најобилни ќе бидат кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и во јужните делови од земјава. Во крајните југоисточни делови, врнежите ќе бидат од дожд и од […]

ВМРО-ДПМНЕ: Бочварски да ги провери состојбите со снегот во Струмица и во Куманово

17 јануари 2017

Наместо да тера политика, Благој Бочварски треба прво да ги провери состојбите во општините Струмица и Куманово, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Благој Бочварски од СДСМ дека состојбата поради студот и снегот е показател за негрижата на власта за граѓаните. „Токму во овие општини не се исчистени градските улици и патиштата до околните села. Бочварски […]

Бочварски: Власта им ги врза рацете на институциите со криминалните тендери

17 јануари 2017

Претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски, оцени дека тоа што се случува деновиве поради студот и снегот, е показател за целосната негрижа од досегашната власт за граѓаните. Тој истакна дека власта ги оставила институциите со врзани раце поради криминалните тендер-политики за свои интереси. – Пријавувате неисчистени патишта. Се случија стотици сообраќајни незгоди, верижни […]

Старица почина од студ во пехчевско Црник

9 јануари 2017

Поларната температура во Малешевијата ја зеде првата жртва. Ноќеска околу полноќ 80-годишна старица паднала во ходникот на семејната куќа, каде останала во текот на целата ноќ. Премрзната, со слаби знаци на живот, старицата изутрината ја нашол член на семејството. Веднаш дошла итна медицинска помош, чија екипа три часа се борела за животот на жената. – […]

ЕЛЕМ: Електроенергетската состојба е стабилна, се задоволуваат сите потреби на потрошувачите

8 јануари 2017

Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количества енергија, соопшти денеска директорот на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски. – Во првите седум денови од годинава АД ЕЛЕМ своето производство го има надминато за 10,9 проценти и во целост одговори на потребите на граѓаните и на индустријата […]

Објавени превентивни мерки пред претстојниот студен период

3 јануари 2017

Управувачкиот комитет за кризи вечерва донесе повеќе превентивни мерки по најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за врнежи од снег и за многу ниска температура на територијата на Република Македонија во наредните денови. Портпаролот на Владата, Александар Георгиев, соопшти дека на состанокот било разговарано за тоа дека временските услови можат да придонесат за појава на ризици […]

Најмногу дожд во Крива Паланка, а најстудено во Лазарополе

3 мај 2016

Влажниот бран што ја зафати Македонија денеска донесе најмногу дожд во Крива Паланка, каде до 16 часот наврнаa 18 литри на еден квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Најмалку дожд наврнало во Гевгелија, односно 1 литар на еден квадратен метар. Според мерењата на УХМР, до 16 часот најмногу воден талог има во Пожаране и […]

Две мигрантки починале од студ во Бугарија

7 февруари 2016

На југоистокот на Бугарија, блиску до турската граница, две жени мигрантки беа пронајдени мртви од студ. Нивните сопатници се испратени во болница, а од нив двајца се во тешка состојба. – Две жени починаа, едната е на возраст од 14 до 16 години, а втората помеѓу 30 и 40 години. Нашите граничари ги држеле во прегратка во […]

Студот во Полска усмрти 12 лица

4 јануари 2016

Најмалку 12 лица починале за време на викендов во Полска како последица на особено ниската температура, јавуваат полските медиуми. Температурата во саботата вечерта, на североистокот на Полска, паднала на минус 20 Целзиусови степени, додека во Варшава вчераутро живата на термометарот била 16 степени под нулата. Полицијата покренала акција во целата земја за помош на бездомниците, […]

Температура под нулата во цела Македонија – утре се очекува снег

2 јануари 2016

Температурата во сите делови на Македонија утринава беше под нулата, а најниската температура е измерена во Битола и во Берово, каде живата на термометрите се спуштила до минус 10 Целзиусови степени. Според мерењата во Управата за хидрометеоролошки работи, утринската температура во Лазарополе, Прилеп, Скопје, Струмица и во Тетово изнесувала минус 8 Целзиусови степени, во Демир Капија, […]

Страна 1 од 2