Сончево и релативно топло време денеска

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло. Мала локална облачност се очекува на истокот во претпладневните часови, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во котлините претпладне ќе биде магливо, а температурите се очекува да се движат од 9 до 15 Целзиусови степени.

Во главниот град претпладне ќе биде магливо со локална облачност. Температурата ќе достигне до 12 Целзиусови степени.

Во текот на неделата која што следува утринските температури ќе бидат во благ пораст, а до четврток се очекува стабилно и суво време. Магла ќе има по котлините, додека во петок ќе преовладува зголемена облачност, со јужен ветер. Во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а во текот на ноќта на некои места ќе преминуваат во снег.