fbpx

Објавени превентивни мерки пред претстојниот студен период

-

Управувачкиот комитет за кризи вечерва донесе повеќе превентивни мерки по најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за врнежи од снег и за многу ниска температура на територијата на Република Македонија во наредните денови.

Портпаролот на Владата, Александар Георгиев, соопшти дека на состанокот било разговарано за тоа дека временските услови можат да придонесат за појава на ризици во поглед на снабдувањето со електрична енергија, движењето, односно сообраќајот, ризици по здравјето, водоснабдувањето. Во таа насока, како што рече Георгиев, биле донесени определени заклучоци и препораки кои вечерва ќе бидат испратени до сите надлежни институции чија цел и основна задача е подобра подготовка во функција на справувањето со определени ризици кои може да се појават.

Во однос на можните проблеми со снабдувањето со електрична енергија, Управувачкиот комитет донел заклучок со кој компанијата ЕВН треба да формира тимови кои ќе бидат со зголемена мобилност и со зголемена оперативна подготвеност и ќе треба да реагираат во случај на нарушување на системот за снабдување со електрична енергија.

На состанокот е донесен заклучок според кој екипите на ЈП „Македонија пат“ треба да бидат во постојана оператива, готовност за реакција на определени критични точки, а доколку има потреба ќе биде воведена и забрана за движење на тешки транспортни возила на определени делови од патиштата. Во заклучоците се апелира граѓани кои немаат особена потреба за патување во текот на викендот да не патуваат, а транспортерите кои можат да ги одложат своите транспортни рути во текот на викендот да ги одложат доколку тоа не им предизвкува економска штета. Тие што ќе патуваат, задолжително треба да поседуваат зимска опрема за сообраќај и за чистење на патиштата, пакети за прва помош и определено количество вода и храна.

Согласно акцискиот план, поради ниската температура која би можело да се спушти до мунус 23 Целзиусови степени, треба да се известат граѓаните дека во овој период, особено од петок до недела, па дури и в понеделник, да не излегуваат од дома доколку немаат потреба заради заштита на здравјето од студениот бран и од грипот. Постарите и хронично болните не треба да излегуваат од дома, а ако имаат потреба од терапија да се јават на патронажна служба, на Црвен крст или на итна медицинска помош, за да им се обезбеди таа терапија.

Граѓаните, ако имаат потреба од медицинска или каква било друга помош и ако се најдат во неповолна ситуација, може да се јават на телефонскиот број на ЦУК, 195, или да се јават на телефонскиот број на Црвениот крст, 3139 578.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...