fbpx
Македонија Страница 1891

Македонија

Блокиран фејсбук-профилот на „Наставнички пленум“

Веднаш по одржувањето на мирниот протест на „Наставнички пленум“ пред Министерството за образование и наука, администраторите на фејсбук-профилот на пленумот забележале дека не може да се вклучат. Профилот бил пријавен за лажен и администраторите на „Фејсбук“ го блокирале/повлекле, велат од „Наставнички пленум“. - Не можам...

Социјалните станови во Кочани засега се само проект

Доцни изградбата на социјалната зграда во Кочани, која беше предизборно ветување на локалните избори во 2013 година. Социјалната зграда со 43 стана требаше да биде готова до декември минатата година. Според раководителот на кочанската подружница на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор,...

Уапсен адвокатот Владо Пешликовски, осуден во случајот „Агент“

Полицијата го уапсила адвокатот Владо Пешликовски, кој се барал за издржување затвроска казна на која беше осуден во рамките на случајот „Агент“, заедно со уште неколку лица, пренесува „Плусинфо“. Судскиот процес за случајот „Агент“ траеше два месеца, а шестмината обвинети се товареа дека преку фиктивни...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ идната недела на зелена маса во Брисел

Првата средба меѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ со европските олеснувачи се очекува да се одржи идната недела во Брисел, пренесе „Алсат М“. По завршување на дводневната конференција за политичка култура и за дијалог во организација на Европскиот парламент, иако страните не мрднаа од...

АМСМ: Намалена видливост на Стража и на Ѓавато

Намалена е видливоста до 100 метри на планинските превои Стража и Ѓавато, информираат од АМСМ. На останатите патишта сообраќајот се одвива без забрани, на места по влажни коловози. Надвор од градските средини сообраќајот е умерен, а на граничните премини нема подолготрајни задржувања.

Кој му плати на Никола Груевски да оди во Брисел?

Речиси сите медиуми објавија неточна информација дека премиерот Никола Груевски на 19 и на 20 март бил во Брисел. Па и „Мета“. Фотографиите од престојот беа објавени и преземани од веб-страницата на Владата на Македонија. Сепак, во Брисел не беше премиерот Никола Груевски, туку лидерот на...

Oблачно и дождливо

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Поинтензивни врнежи се очекуваат во претпладневните часови и околу пладне. Локално се очекуваат да наврнат до 15 литри дожд на еден квадратен метар. Во доцните попладневни часови врнежите постепено ќе престануваат. На...

Путин: Мала е веројатноста за војна меѓу Русија и Украина

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека нема потреба од нов состанок со Франција, Германија и со Украина во врска со резолуцијата за судирите во источниот дел на Украина. На новинарско прашање дали е можна војна меѓу Русија и Украина, Питин одговори дека тоа е малку...

Мустафа: Во април ќе се одржи заедничка седница на косовската и на македонската влада

Косовскиот премиер Иса Мустафа, на денешната седница на владата во Приштина, соопштил дека следниот месец ќе се одржи заедничка седница на косовската и на македонската влада. Мустафа најави дека средбата ќе се искористи за да покренат одредени иницијативи од двете страни, како и за да...

ДПА и ДУИ го блокираа законот за лична карта

На усвојувањето на измените на законите за лична карта и за живеалиште и престојувалиште, денеска се спротиставија ДУИ и ДПА. - Нема да ги гласаме овие закони. Нашиот став е дека имаме концептуални разлики со коалициските партнери. Во наредните денови ќе разговараме за овие прашања...

ДИК не била надлежна за претставката на СДСМ за изборните нерегуларности

Државната изборна комисија се прогласи за ненадлежна да расправа за претставката за изборните нерегуралности што ја доби од опозицискиот СДСМ. Како што вели Никола Рилковски, претседател на ДИК, тој ја ставил претставката од опозициската партија како точка на дневен ред, но мнозинството членови одлучиле дека Комисијата...

Апелација ја укина пресудата за Дејан Ставриќ и го врати предметот на повторно судење

Апелацискиот суд Скопје ја укинал првостепената пресуда за очниот хирург Дејан Ставриќ, кој беше осуден на казна затвор од една година оти, наводно, земал поткуп од 2.000 евра за да посредува при добивање инвалидска пензија, пренесува „Фокус“. Предметот, скопскиот Апелациски суд го вратил на повторно судење...

Стружани со поддршка за оспорување на уставноста на законите за хонорарци

Центарот на заедницата при локалната самоуправа во Струга се приклучи кон акцијата на Платформата за граѓанска политика „Ајде“ за оспорување на уставноста на пакетот од осум закони со кои на хонорарците им се наметнува обврска за плаќање придонеси за здравствено и за пензиско и инвалидско...

Туберкулозата сè уште е болест на младите

Во 2014 година се откриени 285 нови случаи на заболени од туберкулоза, со стапка од 13,8 лица на 100.000 население, што е за 38 случаи помалку споредено со 2013 година, кога бројот на новооткриени изнесуваше 325 лица. Најнови стандарди за дијагностицирање, лекување и за превенирање...

Средношколците од Битола за Владата ја рецитираа „Т’га за југ“

„Орелски крилја как да си метнех и во други држави да си полетнех, во поквалитетно образование да си долетнех“. Вака средношколците од Битола ја рецитираа антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов на денешниот протест во Битола. Преку триста средношколци, наставници и родители денеска маршираа по...

Обвинителството цела година прибирало докази за аферата „Актор“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција прибира докази за случајот „Актор“, кој во март минатата година, на прес-конференција, го обелодени опозицискиот СДСМ, соопштија за „Мета“ од обвинителство, по едногодишен молк, а одговрарајќи на прашањето: Дали е сè уште во тек истрагата за аферата...

Осумте чекори на Груевски до плацот на Водно

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашната прес-конференција објави нови прислушувани разговори, со кои, како што рече, се открива вистинското лице на премиерот Никола Груевски. Според Заев, Груевски договарал купување на плац на Водно, а тоа се потврдувало со најновите разговори меѓу него и министерот...

Се урна авион на „Џерманвингс“, засега не се знае бројот на патници

„Ербас А320“ на компанијата „Џерманвингс“ се урна на француските Алпи. Нема преживеани. Засега не се знае колку лица биле во авионот, јавува „Раша тудеј“. Според првичните информации, во авионот имало 148 лица, но француската контрола за летање тврди дека настрадале 150 лица, додека од Германија...

Скопскиот аеродром меѓу десетте најдобри во Источна Европа

На Глобалниот собир во Париз, традиционално организиран од реномираната британска организација „Скајтракс“, беа прогласени најдобрите аеродроми на светско ниво. Во Источна Европа, аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, со кој раководи  „ТАВ Македонија“, се најде меѓу десетте најдобри. – Вбројувањето на скопскиот аеродром меѓу најдобрите десет во Источна Европа...

Таблет-компјутерите за студентите на собраниска седница

На дневниот ред на денешната 40. собраниска седница е предлог-законот за издавање вредносни бонови, по скратена постапка. Со законот се предлага издавање вредносни бонови за таблет-компјутери со надворешна тастатура за редовните студенти од семејства во кои месечните бруто-приходи не го надминуваат износот од 32.741 денар и...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...