Уапсен адвокатот Владо Пешликовски, осуден во случајот „Агент“

Полицијата го уапсила адвокатот Владо Пешликовски, кој се барал за издржување затвроска казна на која беше осуден во рамките на случајот „Агент“, заедно со уште неколку лица, пренесува „Плусинфо“.

Судскиот процес за случајот „Агент“ траеше два месеца, а шестмината обвинети се товареа дека преку фиктивни договори и фиктивни фирми-ќерки на кипарски „Централ балкан инвестмент“ и на словенечки „Меркатор“ переле пари.

Обвинетите, покрај казната затвор, треба да платат отштета околу 950.000 евра, средства кои, според пресудата, се смета дека се стекнати со злоупотреба на службената положба и со перење пари.

На почетокот од февруари годинава, Апелацискиот суд ја потврди првостепнета пресуда за обвинетите.