fbpx

Социјалните станови во Кочани засега се само проект

-

Доцни изградбата на социјалната зграда во Кочани, која беше предизборно ветување на локалните избори во 2013 година.

Социјалната зграда со 43 стана требаше да биде готова до декември минатата година.

Според раководителот на кочанската подружница на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Анче Трифунов, почетокот на проектот е објавен, а во тек е постапката за избор на изведувач на градежните работи.

Зградата е предвидена за лица во социјален ризик.

Освен оваа зграда, во Кочани се планира изградба на пет куќи за семејства во социјален ризик. Општината, според Трифунов, веќе одредила локации, а во тек е изработка на проект.

Вакви индивидуални социјални куќи во Источна Македонија ќе се градат во уште две општини – по пет куќи во Делчево и во Виница.

Матурантите договараат ресторани за прослава, но и учат за матурскиот испит

Откако наставата се нормализира во последниве недели после лажните дојави за бомби, матурантите се подготвуваат за претстојните прослави, но и за полагање на испитот на зрелоста. Годинава за прв...
Free Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Premium WordPress Themes Free
lynda course free download
download karbonn firmware
Premium WordPress Themes Download
lynda course free download