fbpx
Македонија Страница 1871

Македонија

ЗНМ: Испраќањето погребен венец на новинарот Јованоски е кукавички чин

Здружението на новинарите на Македонија најостро ја осудува морбидната закана по живот на новинарот Борјан Јованоски и на неговото семејство. Испраќањето венец со порака „последен поздрав“ во домот на новинарот Јованоски е кукавички чин, вперен против сите новинари во Македонија, пишува во соопштението на...

Обвинителството се договори со двајца обвинети судии од случајот „Јустиција“

Јавното обвинителство денеска соопшти дека надлежниот обвинител постигнал спогодба со двајца осомничени во предметот „Јустиција“. „Денеска спогодбата е верификувана и од Основниот суд Скопје 1, кој во согласност со договореното, со пресуда на осомничените им изрече условна казна затвор, односно казна затвор од една година,...

Момчето што кршеше во Прилеп има фотографии и со Милошоски и со Јанкулоска

По вчерашниот инцидент, во кој 22-годишно момче од Прилеп во раните утрински часови со лопата ги искрши стаклата на општинската зграда во Прилеп, се појавија написи што го поврзуваат со Стојанче Ангелов, додавајќи му на инцидентот нагласена политичка нота. На ваквите пишувања, со реакција до порталот „10...

Државниот врв повика да се ресветли и да не се злоупотребува нападот во Гошинце

По синоќешниот состанок на државниот врв во кабинетот на претседателот, излезе со соопштение Кабинетот на Ѓорге Иванов, во кое стои дека е констатирано надлежните институции да ги преземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на случајот, пронаоѓање на сторителите и за нивно санкционирање. „На состанокот...

Османи: За ДУИ состанокот кај Иванов е непостоечки зашто тој е нелегитимен претседател

„Тоа е непостоечки состанок затоа што Иванов е нелегитимен претседател.“ Вака, Бујар Османи, портпаролот на Демократската унија за интеграција, ни одговори на прашањето зошто ниту еден претставник од ДУИ не присуствуваше на вчерашната итна средба кај претседателот Ѓорге Иванов. На вчерашниот состанок кај претседателот Ѓорге Иванов...

Времето денеска сончево и ветровито

Времето денеска ќе биде сончево со локална облачност, потопло и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и засилен североисточен ветер. Mаксималната дневнa температура ќе достигне 20 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево и ќе дува засилен...

МАН го осудува испраќањето погребен венец за Јовановски

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро го осудува испраќањето погребен венец со натпис „Последен поздрав“ на домашна адреса на новинарот Борјан Јовановски од извесен испраќач со кодно име Тодор Александров. „МАН смета дека никој не смее да им се заканува на новинарите за вршење на...

Бранковата „лада“ на 9 мај, на протест пред Влада

„Ладата нива“, симоблот на „Отпор“, протестите предводени од поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кои почнаа по настаните во Собранието од 24 декември 2012 година, повторно се враќа на улиците. „Ладата“, која по конгресот на кој беше избран за претседател на СДСМ, Зоран Заев му ја...

Новинарите утре во 12 часот ќе го вратат погребниот венец пред Владата

Новинарите и „Новинарски пленум“ утре, точно напладне, пред објектот на Владата ќе го вратат погребниот венец што вечерва му беше доставен на Борјан Јовановски, новинар и уредник на „Нова ТВ“, во неговиот дом. На овој начин новинарите ќе покажат дека не му се плашат на нарачателот на...

На Борјан Јовановски му испратиле погребен венец

Во домот на Борјан Јовановски, новинар и уредник на „Нова ТВ“, непознато лице доставило погребен венец со натпис „последен поздрав“. Во тој момент Јовановски не бил дома, туку само неговата сопруга Амернис Нокшиќи и малолетните деца. Лицето што го доставило венецот, на сопругата на Јовановски ѝ кажало дека „поздравот“ е...

Иванов свика итен состанок на државниот врв

Претседателот  Ѓорге Иванов свика состанок на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и на разузнавањето ќе го информираат државниот врв на Република Македонија за актуелните настани, во врска со инцидентот на караулата Гошинце. Состанокот ќе се одржи вечерва, во кабинетот на претседателот на...

Жителите од липковскиот регион не се изненадени од инцидентот

Жители од липковскиот регион велат дека не се изненадени од инцидентот бидејќи речиси цел месец во тој реон „се движела група и вршела одредени притисоци“, јави „Дојче веле“. - Добро е што состојбата е мирна. Засега нема никаква вознемиреност, но факт е и дека многу од...

Град Скопје и Општина Гази Баба утре почнуваат голема акција за чистење

Градот Скопје, Општината Гази Баба и Факултетот за земјоделски науки и храна утре ќе почнат голема акција за чистење и за уредување на јавните пешачки и зелени површини по должина на булеварот Александар Македонски. Акцијата ќе почне на аголот меѓу булеварот Александар Македонски и 16...

СДСМ: Нерасветлувањето на инцидентите отвора можност за тензии

СДСМ најостро го осудува инцидентот во липковскиот регион. Oд партијата посочуваат дека нерасветлувањето на инцидентите од безбедносен карактер за кои информира власта последниов период, отвора можност за различни шпекулации и за тензии. „Сериозно се сомневаме во капацитетите на институциите кои се партиски испостави на власта. Ги...

Котевски: Комуницираме и со косовските и со српските власти

Теренот околу караулата Гошинце, која ноќеска беше нападната, се обезбедува и се создаваат услови за непречено и безбедно одвивање на увидот, изјави попладнево помошник-министерот за односи со јавностa во Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски. Како што пишуваат медиумите, направени се контакти со косовските власти...

ВМРО-ДПМНЕ за Гошинце: Да не се подгреваат тензиите!

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди терористичкиот настан во селото Гошинце. Од партијата повикуваат институциите да го расчистат овој случај, а граѓаните да останат смирени. „Повикуваме институциите одлучно и решително да постапат за расчистување на овој случај и да ја обезбедат законитоста, сигурноста и стабилноста по сите...

Познат идентитетот на дел од напаѓачите во Гошинце!?

Извесен „командант“ Џеваир Адеми, од Гњилане, според неофицијални информации, бил водачот на групата што утрово ја зазела караулата „Гошинце“, јавува „Утрински“. Според весникот, логистичка поддршка напаѓачите имале од извесен Фарук, а во групата, наводно, биле препознаени браѓата Ерхан и Кадир Бајрами. Сите иднетификувани биле од Гњилане,...

Селмани: Ова е дело на луѓе што сакаат да го оттргнат вниманието од реалните проблеми

Во Македонија нема никаква основа за етнички или за каков било конфликт, информациите за она што се случило во полициската станица во Гошинце не кореспондираат со тоа што моментално се случува во  општеството, изјавил за бугарската агенција „Бгнес“ Имер Селмани, поранешен вицепремиер и министер за...

Политичка и судска разврска за „бомбите“ бара Европската комисија

Еврокомесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан, по средбата на министрите на ЕУ, го искажа својот став за политичката криза што ја тресе Македонија. Според него, решението мора да биде двојно: правно и политичко, а опозицијата треба да се врати во Собранието, каде би отворила истражна комисија...

Твитер-досетки за „заземањето“ на Гошинце

По информацијата дека полициската станица во Гошинце, во липковскиот крај, е заземена од вооружени лица и по изјавата од МВР дека институците на државата синоќа биле цел на терористички напад, твитер-заедницата молскавично и масовно реагираше и со доза хумор се обиде да ја релативизира...

Мицотакис: Новата влада да го користи единствено името Северна Македонија

Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Преспанскиот договор за прашањето за името, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос...