fbpx

Државниот врв повика да се ресветли и да не се злоупотребува нападот во Гошинце

-

По синоќешниот состанок на државниот врв во кабинетот на претседателот, излезе со соопштение Кабинетот на Ѓорге Иванов, во кое стои дека е констатирано надлежните институции да ги преземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на случајот, пронаоѓање на сторителите и за нивно санкционирање.

„На состанокот беа разменети првичните информации за нападот на караулата во Гошинце, при што државниот врв го осуди инцидентот на северната граница на Република Македонија. Воедно, државниот врв повикува на одговорно однесување на сите општествени фактори и да не се злоупотребува настанот во какви било цели“, соопштија од Кабинетот на шефот на државата.

На состанокот учествуваа македонскиот претседател, претседателот на Собранието, премиерот, министрите за внатрешни работи и за одбрана, началникот на Генералштабот на АРМ, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, директорот на Агенцијата за разузнавање и раководителот на Службата за воена безбедност и разузнавање при МО на РМ.

На состанокот не присуствуваа претставници на албанскиот партнер во Владата.

За Демократската унија за интеграција (ДУИ), како што изјави нејзиниот портпарол Бујар Османи,  „тоа е непостоечки состанок затоа што Иванов е нелегитимен претседател.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...