fbpx
Македонија Страница 1621

Македонија

Молк меѓу Македонците во Албанија по апсењето на Едмонд Темелко

По веста за апсењето на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, молк меѓу Македонците и нивните здруженија и партии во Албанија. Темелко беше уапсен во утринава во Ресен, поради сомневање за поврзаност со изборни измами, кои произлегуваат од случајот под работно име „Титаник“ што го отвори Специјалното...

ВМРО-ДПМНЕ за „Титаник“: Нема да поддржиме незаконско и неуставно работење

„ВМРО-ДПМНЕ ја добива довербата од граѓаните во изминативе 10 години врз база на проекти и на мерливи резултати. Таа доверба не може да биде оспорена со никакви конструкции и со фабрикувани афери. Напротив, таа доверба уште посилно ќе биде потврдена на претстојните избори“, се...

Жерновски: Криминалот во Центар ќе му пресуди на Груевски

Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Центар, каде што на изборите во 2012 година гласаа жители на општина Пустец, денеска по повод прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство реагираше на својот профил на „Фејсбук“. „ТИТАНИК ТОНЕ !!! СЈО објави дека сантата мраз, во која удри Груевски, е токму...

Твитер-реакции: Обвинителки – кралици, царици, амазонки!

  По одржаната прес-конференција на специјалната обвинителка Катица Јанева, на која таа ја најави првата акција под името „Титаник“ во која биле отворени истражни постапки против поранешните министри, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, на социјалните мрежи се појавија голем број реакции во знак на поддршка на...

Како се краделе изборите: Детали за акцијата „Титаник“

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска одржa прес-конференција на која ја најави првата акција под името „Титаник“. Во неа, како што информираа од Специјалното обвинителство, биле отворени истражни постапки против поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески (иако нивните имиња не беа експлицитно наведени), како...

В недела шефот на холандската дипломатија, Кундерс, доаѓа во Скопје, на пат за Атина

Шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, в недела ќе ги посети Македонија и Грција, соопштија од холандската амбасада, чија земја претседава со ротирачкото претседателство на Европската унија. На средбите со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, и со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ќе стане збор за бегалската криза и...

Медиумите потпишаа Повелба за етичко известување на изборите

Денеска, во просториите на ЕУ-инфоцентарот во Скопје, новинари и уредници од поголемите медиуми во Македонија потпишаа Повелба за етичко известување за изборите, во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). На потпишувањето на повелбата присуствуваа и евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, амбасадорот...

Подигнати една третина од изработените електронски здравствени картички

По три недели од изработката и oд дистрибуцијата на електронските здравствени картички во подрачните служби, досега биле подигнати 33.154 електронски здравствени картички од вкупно изработени 106.541, за лицата кои имаа поднесено барање и уплатено, а ги немаа добиено картичките. - Во оваа пригода ги повикуваме...

Курц: Ако има потреба, ќе се отворат бегалски кампови во Македонија

Австрија во следните неколку недели или месеци ќе го достигне лимитот за прием на бегалци за годинава (37.500) и ќе ја затвори границата, изјави шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, Никола Попоски. - Австрија е една од...

СЈО: Отворени истражни постапки за Јанкулоска, Јанакиески и за Божиновски за фалсификување на изборите

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска одржa прес-конференција на која ја најави првата акција под името „Титаник“. Во неа, како што информираа од Специјалното обвинителство, биле отворени истражни постапки против поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против секретарот на Владата, Кирил Божиновски, за...

Вчера МВР издало потврди на 2.540 мигранти

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР), потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 2.540 мигранти. Според државјанството, најголем дел од мигрантите на кои им биле издадени потврди се со потекло од Сирија, вкупно 1.357 лица, од Авганистан биле 744 лица, а од...

Амбасадата на САД ќе донира опрема за бегалците на Црвен крст

Американската амбасада во Македонија денеска во магацините на Црвениот крст на Град Скопје во Момин Поток, ќе предаде хуманитарна помош за полесно справување со хуманитарните предизвици со бегалската и мигрантската криза, соопштија од Црвениот крст. Помошта е во вид на опрема и е наменета за...

Богатинова за „отказот“: Поздрав до тие што цела ноќ не спиеле и смислувале приказни

По објавата на информацијата дека главната уредничка на „Канал 5“, Лидија Богатинова, наводно добила отказ од телевизијата каде што работи и дека од 1 март нема да биде на оваа функција, таа не одговори конкретно дали ова е вистина или не. - Поздрав до тие...

Mедиумите ќе потпишат повелба за етичко известување за изборите

Денеска, во 12 часот, во просториите на ЕУ-инфоцентар во Скопје, ќе се потпише повелба за етичко известување за изборите, во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Потпис на повелбата ќе стават медиумите што ја прифатиле нејзината содржина и кои преку тоа се залагаат...

Министерот за надворешни работи на Австрија во посета на Македонија

Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Тој, меѓу другото, ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Министерот Курц е во повеќедневна турнеја на земјите од регионот, главно во врска со справувањето со бранот...

СДСМ: Додека децата смрзнуваат, директорката се шета во странство

„Два дена јавната детска установа „Јасна Ристеска“ од Охрид нема централно греење во својот објект „Развигорче“. Таму каде што цел ден престојуваат нашите деца, недозволиво е во зимски услови да нема греење“, обвинуваат од СДСМ. „Дали воопшто директорката реагирала да се надмине таа состојба или...

Облачно и врнежливо време

Времето претпладне ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со повремен дожд, особено во јужните и во западните делови од земјата. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер, претежно од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од 9 до...

Спасовски во Велес: Секој што направил криминал ќе одговара

Министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на средба со граѓаните во Велес, рече дека новата влада предводена од СДСМ ќе води бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. - СДСМ е во борба против криминалот и корупцијата, кои се одомаќинија во...

Демократската партија на Турците го осуди навредливиот говор на Латас

Демократската партија на Турците на Македонија, која е дел од владината коалиција, го осуди навредливиот израз на главниот уредник на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, упатен кон турскиот народ. „Новинарот Латас по многубројните реакции изрази извинување до турскиот народ и до турската држава. Иако...

Пломп: Реакциите на интервјуто со Латас ја покажуваат важноста на медиумите

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп денеска за „Мета“ изјави дека вчерашното интервју на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, со главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, е доказ за важноста на медиумите за демократијата во Македонија. „Огромниот број реакции по синоќешното интервју...