По објавата на информацијата дека главната уредничка на „Канал 5“, Лидија Богатинова, наводно добила отказ од телевизијата каде што работи и дека од 1 март нема да биде на оваа функција, таа не одговори конкретно дали ова е вистина или не.
– Поздрав до тие што цела ноќ не спиеле и смислувале приказни – изјави Богатинова за „Мета“.
Синоќа, во вестите на „Канал 5“ гостуваше заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, а интервјуто на Богатинова предизвика реакции по социјалните мрежи на кои се појавија шеговити хаштази како #PrayForBogatinova, #издржиБогатинова, #селскачешма.
На оваа телевизија неодамна гостуваа и лидерот на опозицијата Зоран Заев, како и техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.