fbpx

ВМРО-ДПМНЕ за „Титаник“: Нема да поддржиме незаконско и неуставно работење

-

„ВМРО-ДПМНЕ ја добива довербата од граѓаните во изминативе 10 години врз база на проекти и на мерливи резултати. Таа доверба не може да биде оспорена со никакви конструкции и со фабрикувани афери. Напротив, таа доверба уште посилно ќе биде потврдена на претстојните избори“, се вели во реакцијата на владејачката партија по денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство, кое соопшти дека се отворени истражни постапки против поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и секретарот на Владата, Кирил Божиновски, сите високи функцинери на оваа партија.

„ВМРО-ДПМНЕ гласаше и го поддржа изборот на Специјалното јавно обвинителство. За жал, изминатиов период бевме сведоци на непримерни изјави од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обвинет во повеќе кривично-правни случаи, во кои тој ги најавуваше чекорите на Специјалното јавно обвинителство. Уште потрагично е тоа што ваквите изјави не само што не беа демантирани, туку со многу чекори беа потврдени. Со тоа беше драстично нарушен кредибилитетот на институцијата и се фрли сенка на нејзината професионалност и непристрасност“, стои во соопштението.

Јавноста, се вели понатаму, беше сведок дека сопругата на Зоран Верушевски, јавно му се заблагодаруваше на Зоран Заев затоа што Катица Јанева побарала да не биде продолжен притворот на првоосомничениот во случајот „Пуч“.

„Јавноста беше сведок на десетици пријави од лица кои се жалеа на непрофесионалниот и на незаконскиот однос на СЈО. Сите овие дамки останаа без одговор на денешната прес-конференција. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи незаконско и неуставно работење. Секој орган и секоја институција мора да дејствува во рамки на своите надлежности бидејќи никој не е над Уставот и законите. Нападите врз Советот на јавни обвинители, орган кој е задолжен за контрола на работењето на СЈО, секако не одат во прилог на градењето на кредибилитетот на СЈО, туку уште повеќе го подриваат. Денеска бевме сведоци на политички настап во кој беа прозвани голем број лица. Функционерите на партијата кои индиректно беа осудени на прес-конференцијата на СЈО немаат сторено никакво кривично дело и тоа ќе го докажат во понатамошната постапка“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...