fbpx
Македонија Страница 1620

Македонија

Блокиран граничниот премин Богородица

Такси-превозници и автобуси утринава во 10 часот го блокираа граничниот премин Богородица. Како што соопштија на Автомото-сојузот на Македонија, поради блокадата, оневозможен е влез и излез од Македонија кон Грција. Граничниот премин Богородица, исто како и претходните денови, ќе биде блокиран до 12 часот. Таксистите и автопревозниците...

Иванов ќе се обрати на панел-дискусијата на Минхенската безбедносна конференција

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска, во рамки на 52. Минхенска безбедносна конференција, ќе се обрати на панел-дискусијата „Кон понатамошна евроатлантска интеграција на Југоисточна Европа“. Покрај Иванов, кој четврти пат учествува на Минхенската безбедносна конференција, на панел-дискусијата ќе учествуваат и претседателите на Хрватска и...

Променливо облачно време со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со засилен јужен ветер. Во текот на денот, во западните делови на земјата се очекуваат почести врнежи од дожд. Температурата во текот на денот ќе се движи од четири до 14 Целзиусови степени. Во Скопје и...

Јанакиески и Темелко си заминаа од судот – одлуката ќе биде позната денеска

Околу три часот по полноќ, во Основниот суд Скопје 1 заврши распитот на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Засега не се знае дали ќе им биде одредена мерка притвор. Јанакиевски и Темелко го напуштија судот...

Миле Јанакиески на распит во Кривичниот суд

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, моментално е на распит пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1. Новинарите кои чекаат пред судот не го забележаа Јанакиески кога влегол  во судот, но како што јави репортерот на „Мета“, го забележале Јанакиески,...

Амбасада на САД: Да не се врши политички притисок врз Специјалното обвинителство

Амбасадата на САД во Македонија денеска повторно ѝ изрази поддршка за работата на специјалната обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим и побара од властите целосно да ги спроведат највисоките стандарди на владеење на правото. „САД целосно го поддржуваат Специјалното јавно обвинителство и неговата улога...

ВМРО-ДПМНЕ: Јанкулоска и Јанакиески ниту се во бегство, ниту во некоја од амабасадите

Партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ, испрати демант на информациите на одредени медиуми дека поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, против кои се отворени истражни постапки во првата акција на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, наводно ја напуштиле државата и побарале засолниште во некоја од амбасадите. - Луѓето од...

Едмонд Темелко на распит во Основниот суд Скопје 1

Градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој е еден од осомничените во акцијата на Специјалното јавно обвинителство наречена „Титаник“, во моментов е пред судија на претходна постапка, потврдуваат за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. Судијата на претходна постапка, по распитот на Темелко, треба да одлучи...

Молк меѓу Македонците во Албанија по апсењето на Едмонд Темелко

По веста за апсењето на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, молк меѓу Македонците и нивните здруженија и партии во Албанија. Темелко беше уапсен во утринава во Ресен, поради сомневање за поврзаност со изборни измами, кои произлегуваат од случајот под работно име „Титаник“ што го отвори Специјалното...

ВМРО-ДПМНЕ за „Титаник“: Нема да поддржиме незаконско и неуставно работење

„ВМРО-ДПМНЕ ја добива довербата од граѓаните во изминативе 10 години врз база на проекти и на мерливи резултати. Таа доверба не може да биде оспорена со никакви конструкции и со фабрикувани афери. Напротив, таа доверба уште посилно ќе биде потврдена на претстојните избори“, се...

Жерновски: Криминалот во Центар ќе му пресуди на Груевски

Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Центар, каде што на изборите во 2012 година гласаа жители на општина Пустец, денеска по повод прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство реагираше на својот профил на „Фејсбук“. „ТИТАНИК ТОНЕ !!! СЈО објави дека сантата мраз, во која удри Груевски, е токму...

Твитер-реакции: Обвинителки – кралици, царици, амазонки!

  По одржаната прес-конференција на специјалната обвинителка Катица Јанева, на која таа ја најави првата акција под името „Титаник“ во која биле отворени истражни постапки против поранешните министри, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, на социјалните мрежи се појавија голем број реакции во знак на поддршка на...

Како се краделе изборите: Детали за акцијата „Титаник“

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска одржa прес-конференција на која ја најави првата акција под името „Титаник“. Во неа, како што информираа од Специјалното обвинителство, биле отворени истражни постапки против поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески (иако нивните имиња не беа експлицитно наведени), како...

В недела шефот на холандската дипломатија, Кундерс, доаѓа во Скопје, на пат за Атина

Шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, в недела ќе ги посети Македонија и Грција, соопштија од холандската амбасада, чија земја претседава со ротирачкото претседателство на Европската унија. На средбите со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, и со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ќе стане збор за бегалската криза и...

Медиумите потпишаа Повелба за етичко известување на изборите

Денеска, во просториите на ЕУ-инфоцентарот во Скопје, новинари и уредници од поголемите медиуми во Македонија потпишаа Повелба за етичко известување за изборите, во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). На потпишувањето на повелбата присуствуваа и евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, амбасадорот...

Подигнати една третина од изработените електронски здравствени картички

По три недели од изработката и oд дистрибуцијата на електронските здравствени картички во подрачните служби, досега биле подигнати 33.154 електронски здравствени картички од вкупно изработени 106.541, за лицата кои имаа поднесено барање и уплатено, а ги немаа добиено картичките. - Во оваа пригода ги повикуваме...

Курц: Ако има потреба, ќе се отворат бегалски кампови во Македонија

Австрија во следните неколку недели или месеци ќе го достигне лимитот за прием на бегалци за годинава (37.500) и ќе ја затвори границата, изјави шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, Никола Попоски. - Австрија е една од...

СЈО: Отворени истражни постапки за Јанкулоска, Јанакиески и за Божиновски за фалсификување на изборите

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска одржa прес-конференција на која ја најави првата акција под името „Титаник“. Во неа, како што информираа од Специјалното обвинителство, биле отворени истражни постапки против поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против секретарот на Владата, Кирил Божиновски, за...

Вчера МВР издало потврди на 2.540 мигранти

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР), потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 2.540 мигранти. Според државјанството, најголем дел од мигрантите на кои им биле издадени потврди се со потекло од Сирија, вкупно 1.357 лица, од Авганистан биле 744 лица, а од...

Амбасадата на САД ќе донира опрема за бегалците на Црвен крст

Американската амбасада во Македонија денеска во магацините на Црвениот крст на Град Скопје во Момин Поток, ќе предаде хуманитарна помош за полесно справување со хуманитарните предизвици со бегалската и мигрантската криза, соопштија од Црвениот крст. Помошта е во вид на опрема и е наменета за...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...