Македонија Страница 1495

Македонија

МИОА: Законот за владино рекламирање е повлечен заради доработка на текстот

Владата го повлекла предлог-законот за владино рекламирање, односно за информативни и за рекламни кампањи на јавните институции, на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, а причина била потребата за доработка на текстот на законот, во согласност со добиените предлози и забелешки. „Со оглед...

Иванов – Ердоган: Борбата против тероризмот и мигрантската криза во фокусот на средбата

Претседателот Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Турција, денеска во Истанбул се сретна со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели биле билатералните односи и соработката, со акцент на прашања од сферата на безбедноста, мигрантската криза и на...

На двете сметки на Црвен крст собрани 829.669 евра

На жиро-сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 37.799.764  денари или 614.630 евра, а од донирањето 100 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400, собрани се 13.224.900 денари, односно 215.039 евра, или вкупно 829.669 евра, соопштија од Црвен крст. Досега,...

„Денови на Мајка Тереза“ од 4 до 11 септември

Градоначалникот Коце Трајановски, директорката на комисијата на верските заедници, Валентина Божиновска, и бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, денеска ја презентираа низата настани што ќе се одржат во чест на прогласувањето на Мајка Тереза за светица. „Деновите на Мајка Тереза“ ќе почнат на 4...

ВМРО-ДПМНЕ објави повик за кандидати за градоначалници на локалните избори во 2017 година

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за кандидати за градоначалници за престојните локални избори, кои треба да се одржат догодина. Како што стои во повикот, тој се однесува на сите 84 општини, а кандитат за градоначалник може да биде секој граѓанин што ги исполнува условите за...

Ренци: 50 милиони евра за обнова по земјотресот

Премиерот на Италија, Матео Ренци, соопшти дека ќе издвои 50 милиони евра за обнова на подрачјата погодени од земјотресот, во кои е прогласена вонредна состојба. Повеќе од 5.000 спасувачи и понатаму ги пребаруваат урнатините во надеж дека ќе пронајдат некој преживеан од земјотресот, во кој настрадаа...

Помош од македонскиот Црвен крст за настраданите во земјотресот во Италија

Македонскиот Црвен крст му понудил помош на италијанскиот Црвен крст за поефикасно справување со последиците од земјотресот во делот на спроведување на спасувачки акции. Од Црвениот крст на Република Македонија соопштуваат дека се подготвени во наредниот период да упатат хуманитарна помош во парични средства во...

Фармерот Душко Илиевски обвинет за напад на полицаец на протестите за оставка на Талески

Битолското Основно јавно обвинителство поднело обвинителен предлог со кој го товари фармерот Душко Илиевски за физички напад на полицаец за време на протестите на „Шарената револуција“ пред зградата на Општина Битола, на кои демонстрантите бараа оставка од градоначалникот Владимир Талески. Илиевски го добил обвинението денеска,...

НАТО-форум за безбедност во Охрид

Во организација на Маршал-центарот за Република Македонија, од денеска до 30 август, во охридскиот хотел „Гранит“, се одржува Форум за безбедност на тема „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: Импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“. Форумот се одржува четврта година по...

Позитивни оценки во Грција за посетата на Коѕиас

Средба во добра клима и позитивен чекор напред за градење доверба и за подобрување на билатералните односи. Ова се оценките во Грција за вчерашната посета на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, во Скопје и за неговите средби со македонскиот колега Никола Попоски,...

Новото седиште на СЈО е речиси готово – вселување на почетокот на септември

Специјалното јавно обвинителство на почетокот од септември својата работа ќе ја продолжи во новите простории на улицата Франклин Рузвелт, каде привршуваат адаптацијата и подготовките на објектот, потврдуваат за „Мета“ од СЈО. „Привршуваат подготовките на новиот објект и во тек е процесот на преселба во новите простории. Очекуваме...

Иванов денеска на работна посета во Турција, на покана од Ердоган

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во Турција на работна посета, на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштија утрово од кабинетот на Иванов. „Предвидено е претседателот Иванов во Истанбул да оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, а ќе присуствува...

Претежно сончево со умерен ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево, а во јужните делови на земјата е можна појава на мала локална облачност. Во текот на денот ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието ќе има извесно засилување на ветерот. УВ-индексот ќе има вредност 7. Минималната...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака владиното рекламирање да се регулира по европски модел

Носењето на законот за владино рекламирање е дел од реформските обврски на Република Македонија, но СДСМ е против секоја реформа, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, во врска со владината одлука за повлекување на предлог-законот за...

Законот за владино рекламирање е повлечен благодарение на опозицијата, велат од СДСМ

Законот за владино рекламирање со кој власта сакаше да ја запечати корупцијата на медиумите со државни пари е повлечен благодарение на жестоката реакција на опозицијата, изјави попладнево на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев. „Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието спречи уште една лудост...

Владата го повлече од Собранието предлог-законот за рекламирање на јавните институции

Владата на денешната седница одлучила да го повлече од собраниска процедура предлог-законот за информативни и за рекламни кампањи на јавните институции, јавува „24 Вести“. Попладнево до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, пристигнало службено известување за одлуката на Владата за повлекување на предлог-законот. „Владата на Република Македонија...

Коѕиас пред амбасадорите: Нема да дозволиме надворешни мерки и санкции за Македонија

Македонија и Грција ја надминуваат недовербата и се на добар пат за дополнително да ги зацврстат меѓусебните врски, истакна денеска пред македонските амбасадори, конзули и дипломати, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Коѕиас се обрати пред Амбасадорскиот совет и претставниците на македонските дипломатско-конзуларни претставништва по...

Иванов по средбата со Коѕиас: Очекувам комуникацијата со Грција да продолжи на сите нивоа

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, на средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, разменил мислења за севкупните билатерални односи помеѓу Македонија и Грција. - Изминатиот период имав можност повеќепати да разговарам со премиерот Алексис Ципрас за прашања и за предизвици од исклучителна...

Димитриев на средбата со Коѕиас: Потребни ни се решенија за иднината, не за минатото

Македонија се залага за градење позитивна клима и пријателство со Грција и е подготвена да разговара за надминување на отворените разлики, истакнал премиерот Емил Димитриев на средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, кој денеска престојува во земјава. На средбата, како што соопштуваат од...

И ад хок телото по стапките на Пржино: Нема договор за петтиот член, нова средба утре

Заврши средбата на членовите на ад хок телото со директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски. Од привременото тело кое треба да ја контролира работата на медиумите за време на предизборниот период, официјално не откриваат дали на денешната средба постигнале некаков...

Мета факт: Не е прв пат во последните 7 години просечната плата да има пад на месечно ниво

Поранешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска и сегашна пратеничка на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија во изјава за медиумите посочи оти „за прв пат после седум години...