Според израелската армија, во текот на ноќта од Либан во северниот дел на Израел се истрелани серија ракети во ракетен напад од страна на Хезболах кон индустриски и воени локации, соопшти Би-Би-Си.
Повеќето од 105-те ракети биле пресретнати, иако некои домови биле погодени, вели израелската армија (ИДФ). Сирените за воздушен напад се огласија во текот на ноќта, соопштија израелските одбранбени сили.
Хезболах соопшти дека истрелал десетици ракети кон цели во северен Израел како одмазда за минатонеделните напади со бомби во пејџери и воки-токи уреди.
Израел, исто така, продолжи да напаѓа цели во Либан по воздушниот напад во Бејрут во петокот, се кој ИДФ соопшти дека се убиени десетина високи команданти на Хезболах. Либан соопшти дека загинале 37 лица, вклучително и три деца.
Видеото објавено на интернет во текот на ноќта, засега непроверено од Би-Би-Си, се чини дека покажува пожар во станбена област во близина на Хаифа, откако беше погодена од ракета на Хезболах.
Во саботата десетици борбени авиони започнаа напади на јужниот дел на Либан „откако беа откриени припадници на Хезболах кои се подготвуваат да пукаат кон израелска територија“, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари.
Пред да започнат ноќните израелски напади, ИДФ претходно соопшти дека уништила „околу 180 локации и илјадници [ракетни] фрлачи“.
Претходно оваа недела, 39 луѓе беа убиени и илјадници ранети откако пејџери и воки-токи уреди користени од Хезболах, милитантна и политичката група поддржана од Иран, експлодираа на два наврати низ Либан.
Во четвртокот лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, го обвини Израел за нападите, велејќи дека ги преминал „сите црвени линии“ и вети „праведна казна“.
Израел не ја презеде одговорноста.
Шефот на ОН за човекови права, Волкер Турк, рече дека експлозиите на пејџер и воки-токи уреди го прекршуваат меѓународното хуманитарно право.