fbpx

ВМРО-ДПМНЕ објави повик за кандидати за градоначалници на локалните избори во 2017 година

-

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за кандидати за градоначалници за престојните локални избори, кои треба да се одржат догодина. Како што стои во повикот, тој се однесува на сите 84 општини, а кандитат за градоначалник може да биде секој граѓанин што ги исполнува условите за кандидирање пропишани со Устав и со закон, да е член на ВМРО-ДПМНЕ или граѓанин кој не е член на ниту една политичка партија, но се согласува и ги поддржува политиките, идеологијата, заложбите и програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според повикот, кој е објавен со одлука на извршниот комитет на партијата од 24 август оваа година, заинтересираните кандидати потребно е да поседуваат углед, авторитет и морален дигнитет во местото каде живеат и работат, односно во општината за која аплицираат.

„За поднесување кандидатура не се потребни потписи, туку доставување стандардизирана биографија со фотографија на не повеќе од 3 страници, детална програма за работа на општината на не повеќе од пет страници со конкретни проекти, мерки и идеи, за која се поднесува кандидатурата, како и пополнување на стандардна апликација“, стои во повикот.

По поднесувањето на кандидатурата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од партиското седиште, а разговорите со нив ќе ги води специјална комисија која ќе биде формирана за таа цел.

Според повикот, сите кандидати имаат еднакви шанси да бидат избрани во „зависност од личните квалитети и успеси во минатото, како и од визијата за иднината“. Во повикот стои дека ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците доставени во биографијата и апликацијата на секој кандидат.

povik za kandidati za gradonacalnici na vmro dpmne

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема решение за повеќе од 75 oтсто од вработените постари од 46 години во јавните претпријатија

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје...