Претежно сончево со умерен ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево, а во јужните делови на земјата е можна појава на мала локална облачност. Во текот на денот ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието ќе има извесно засилување на ветерот. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 19 Целзиусови степени, а максималната од 28 до 33 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.

За време на викендот нè очекува претежно стабилно време со благ пораст на температурата.