fbpx

Царината на три гранични премини заплени сребрен накит, часовници и облека

Запленетата стока имала вредност од над половина милион денари, односно Царинската управа спречила избегнување плаќање царински давачки од околу 150 илјади денари

-

Околу 2,7 килограми сребрен накит, 33 часовници и 160 парчиња облека со вкупна вредност од над половина милион денари биле запленети изминатиот викенд на граничните премини Богородица, Блаце и Табановце, соопштува Царинската управа. Спречен е обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки од околу 150 илјади денари.

Во првиот случај, на граничниот премин Богородица, двајца сопружници на влез во државата се обиделе нелегално да внесат околу 2,7 килограми сребрен накит. Накитот бил откриен при проверка на куферите, во кои биле пронајдени 37 пакувања со сребрен накит во џебовите на облеката. Дополнително, во возилото биле пронајдени и три фискални сметки од накитот кои биле на име на сопружникот.

Фото: Царинска управа

На граничниот премин Блаце, пак, биле запленети часовници, кои мобилниот тим на Царинска управа го открил при контрола на автомобил на граничниот премин Блаце. Часовниците биле скриени во црни ќеси зад совозачкото седиште.

Фото: Царинска управа

Друг мобилен тим на граничниот премин Табановце открил и запленил 160 парчиња облека наменета за продажба на македонскиот пазар при извршена контрола на автобус. Автобусот кој сообраќал на релација Белград – Скопје бил селектиран за детален преглед, при што под клупите и во фабричката шуплина над задните десни тркала се пронајдени непријавените парчиња облека.

Во случајот на заплената на часовници и облека против лицата се поднесени прекршочни пријави. А во случајот во кој е запленет околу 2,7 килограми сребрен накит против лицето е поднесена кривична пријава до јавното обвинителство за кривично дело криумчарење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...