Царината доби засилување, лабрадорот од Германија го заврши тренингот за откривање наркотици, оружје и пари

Благодарение на исклучителните способности на кучињата трагачи покрај што им се олеснува работата на цариниците, значително се подобруваат резултатите при спречувањето на шверцот и недозволената трговија

-

На кучињата Бен, Рекс, Били кои во Царинската управа се користат при спречувањето на нелегален транспорт на наркотици, оружје и пари ќе им се придружи нивниот нов шепаст колега Бади.

Директорот Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани присуствуваа на последниот дел од обуката на царинско куче од расата лабрадор кое е донирано и обучувано од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Богоев присуствуваше и на практична вежба на Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, каде беше демонстрирано откривање на недозволена трговија од страна на мобилните тимови со помош на царинските кучиња во реални услови.

Тој изрази благодарност до Германското друштво за меѓународна соработка за досегашната поддршка и истакна дека Царинската управа е подготвена за понатамошно интензивирање на соработката во овој домен бидејќи благодарение на исклучителните способности на кучињата трагачи покрај што им се олеснува работата на цариниците, значително се подобруваат резултатите при спречувањето на шверцот и недозволената трговија.

Основнотото јaвно обвинителство ја обжали одлуката за куќен притвор за Васев и за Нухи

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”, соопштија денеска оттаму. „Јавниот обвинител е незадоволен од...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како што објаснуваат...

Основнотото јaвно обвинителство ја обжали одлуката за куќен притвор за Васев и за Нухи

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”, соопштија денеска оттаму. „Јавниот обвинител е...