fbpx

Царина заплени 300 парчиња филери во вредност од 9.000 евра

Стоката и возилото се привремено задржани, а против лицето е поднесена соодветна кривична пријава за криумчарење

-

На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери REVOLAX, во вредност од 9.000 евра.

„Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидело да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да пријави освен личен багаж. При рутинската контрола извршена од страна на царинските службеници во патничкиот куфер и позади задните седишта беа откриени 300 парчиња филери за лице, во најголем дел за усни, чија вредност согласно фактурата која е пронајдена во возилото изнесува 9.000 евра“ информираше Царинската управа.

Стоката и возилото се привремено задржани, а против лицето е поднесена соодветна кривична пријава за криумчарење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...