fbpx

Бушати: Албанците во Македонија го бараат тоа што Србите на Косово веќе го имаат

-

Албанците во Македонија се клучен фактор за демократската стабилност и за иднината на евроатлантските интеграции на Македонија, а веќе една деценија бараат признавање на албанскиот јазик како официјален јазик, иако се неколкупати побројни од Србите на Косово, кои се 6 отсто, но нивниот јазик е официјален, рече шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати.

Зборувајќи пред студентите на Универзитет „Луиѓи Гуракуќи“ во Скадар, Бушати нагласи и дека „долгата криза во Македонија, вознемирувачкиот развој на настаните во косовско-српските односи, како и стагнацијата во Босна и Херцеговина и интервенцијата на трет фактор во внатрешно-политичките промени во Црна Гора се некои индикатори што зборуваат за недоволното внимание од страна на ЕУ“.

Албанскиот министер за надворешни работи, нагласувајќи дека Албанија е определена за еднаквост и за почитување на човечкото достоинство, земајќи ги како урнек најдобрите регионални и европски парктики, ги спореди Косово и Македонија, велејќи дека Албанците во Македонија „имаат“ помалку од Србите во Косово.

– Во Косово српското малцинство сочинува само 6 отсто од населението, а српскиот јазик e официјален јазик и 10 отсто од пратеничките мандати се резервирани за националните малцинства, но би можеле да освојат и повеќе места во парламентот, во зависност на изборната динамика. Албанското население, пак, е државотворен фактор во Македонија и е неколкупати побројно од српското малцинство на Косово и, гледано од оваа перспектива, има голем контраст, оти веќе една деценија Албанците во Македонија бараат разбирање за признавање на албанскиот јазик за официјален – рече Бушати на предавањето пред студентите на Универзитетот „Луиѓи Гуракуќи“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...