fbpx

Бурите во САД однесоа 43 животи

-

Во серијата бури што го зафатија јужниот и југозападниот дел на САД загинаа најмалку 43 лица, разурнати се повеќе згради и отежнат е сообраќајот за милиони лица за време на празничниот викенд.

Најмалку 11 лица настрадаа во Тексас, во подрачјето Далас, при ударот на серија торнада. Уништени се цркви, автомобили, а урнати се дрвја во зона долга 64 километри.

Претставниците проценуваат дека во регионот на Далас, каде живеат околу седум милиони лица, оштетени се околу 800 објекти.

Гувернерите на Мисури и на Ново Мексико прогласија вонредна состојба во своите држави.

Три торнадо регистрирани се во Арканзас, но засега нема известување за повредени или штети.

Националната метеоролошка служба објави предупредување за лоши временски услови за големи подрачја од централниот дел на САД, вклучувајќи ги Ново Мексико, Тексас и Оклахома.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Рускиот наратив на Советот на ОБСЕ во Скопје: Запад е виновен за сè

Советот на министри на ОБСЕ во Скопје, на кој се решаваше за натамошното постоење на организацијата, беше подиум на кој Москва „блесна“ со своите дезинфо наративи и ја потврди...