fbpx

Брисел бара Владата да се консултира со сите за законот за државен испит

-

Случувањата околу законот за државен испит стигнаа до Европската комисија, која во писмен одговор за „Мета“ посочи дека се „запознаени со плановите да се воведат промени во образованието“.

Европската комисија преку својата прес-служба информира дека Брисел „му придава голема важност на постојаното подобрување на стандардите, меѓутоа важно е тие промени да бидат предмет на широка дебата и на консултација“.

„Ја охрабруваме Владата широко да се консултира со сите актери околу предложните законски измени“, се вели во реакцијата на Европската комисија.

Во Брисел денеска беа потврдени заклучоците за Македонија, кои „Мета“ вчера ги објави.

– Што повеќе властите во Скопје ќе ги почитуваат стандардите, толку повеќе прогрес ќе видиме (во приближувањето кон ЕУ). Ако има специфични прашања како што е случај со поранешната југословенска република Македонија околу независноста на судството и слободата на медиумите, јасно е дека ова се загрижувачки прашања, на кои треба подобро да работиме заедно и да ги продлабочиме нашите дискусии, затоа што ова се некои од фундаменталните стандарди што властите во Скопје треба да ги почитуваат…Читајќи го параграфот посветен на Македонија, да, има повеќе одошто прашањето со името – изјави за „Мета“ италијанскиот министер за надворешни работи, Сандро Гози.

Министрите за надворешни работи во крајните заклучоци за 2014 година изразија „сериозна загриженост“ за независноста на судството и за слободата на медиумите во Македонија и порачаа дека неисполнувањето на условите „наштетува“ на одржливоста на реформите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...