fbpx

Бретон: ЕУ со нова испорака оружје ќе ја поддржи контраофанзивата на Украина

-

Европскиот комесар за индустрија Тиери Бретон изјави дека Европската Унија ја забрзува испораката на оружје за Украина за да ја поддржи контраофанзивата на земјата против руските сили. Во интервју за францускиот дневен весник „Паризиен“, Бретон вели дека војната во Украина ќе продолжи уште неколку месеци или уште подолго.

„Ќе ги зголемиме нашите напори за снабдување со оружје и муниција, ова е војна со висок интензитет, во која тие играат одлучувачка улога“, наведе Бретон.

Украина започна контраофанзива претходно овој месец за да ја врати контролата врз територијата заземена од руските сили. Претходно американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ги повика сојузниците на Кијив да вложат максимални напори за да обезбедат повеќе оружје и муниција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...