fbpx

Блокадите од Косово се помала главоболка од рецесијата во Германија

-

Нашата земја треба повеќе да се грижи за најавите за рецесија во Германија отколку за трговските блокади што ги воведе Косово ако се земе предвид каков ефект врз македонскиот извоз и домашната економија би имале случувањата во двете држави. Во првата половина од годинава Германија е прва на листата земји со кои имаме најголема размена и суфицит во трговијата, додека Косово е на 12. место.

Во овој период, обемот на трговската размена со Германија изнесувал околу 2 милијарди евра, од кои 1,5 милијарди се извоз на македонски производи. Од друга страна, вкупната трговската размена со Косово во првите шест месец од годинава достигнала 152 милиони евра, од кои 139 милиони евра се извоз од нашата земја.

Несомнено е дека евентуално продлабочување на рецесивните текови во Германија може негативно да влијае врз македонскиот извоз односно да придонесе кон намалување на економските активности на извозно-ориентираните компании во земјава кои се мотор на економијата и од кои битно зависи стапката на нови вработувања.

Според најновите анализи на германската централна банка „Бундесбанк“, тамошната економија не покажува знаци на закрепнување во летните месеци, што е загрижувачки бидејќи во периодот од април до јуни германскиот БДП падна во минус од 0,1 отсто во однос на претходното тимесечје. Според економската теорија, рецесија се прогласува кога активностите паѓаат во минус две тримесечја по ред.

Помала, но исто така сериозна закана по македонскиот извоз е блокадата на Косово за увоз на мед и компири од нашата земја која дојде откако македонската Влада забрани увоз на рибен подмладок и икра од косовските компании бидејќи ги немале соодветните ЕУ сертификати. Евентуалното разгорување на трговската војна може да го намали извозот, но се чини дека тоа не им оди во прилог на двете држави.

Единствен лек за ваквите неповолни текови во европската економија и во односите со соседите е да се реализираат најавите на Владата за нов инвестициски бран.

-Проектирани се една милијарда во патишта, над една милијарда во железница, над една милијарда во енергетика – со ХЦ Чебрен, со далекуводот кон Албанија и со гасоводот. Инвестираме и во нов Клинички центар, во земјоделството и руралниот развој, во пречистителни станици за отпадна вода, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки и други проекти за реалните потреби на сите граѓани-соопшти неодамна премиерот Зоран Заев објаснувајќи како ќе се релизира инвестицискиот пакет од пет милијарди евра.

Економските аналитичари во повеќе наврати истакнуваат дека само со брза и ефикасна реализација на инвестициите во патната инфраструктура, железницата, енергетиката и други капитални проекти може да се постигнат високи стапки на економски пораст кои би ја заштитиле домашната економија од надворешни влијанија и би придонеле кон подобрување на стандардот на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...