fbpx

Блатер и Платини суспендирани на осум години

-

Етичкиот комитет на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги суспендираше претседателот на организацијата, Сеп Блатер, и претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини, на осум години.

Суспензијата стапува на сила веднаш, па Блатер и Планити нема да може да се занимаваат со никакви активности во врска со фудбалот, соопшти ФИФА.

Блатер и Платини се суспендирани поради „нелојални исплати“ од два милиони долари, колку што 79-годишниот Швајцарец во 2011 година му платил на поранешниот француски репрезентативец за консултантски работи извршени во период од 1998 до 2002 година.

Покрај суспензијата, Блатер мора да плати казна од 50.000 швајцарски франци, а Платини – 80.000 швајцарски франци.

И двајцата имаат право да ја обжалат одлуката на етичката комисија на ФИФА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...