fbpx

Заев: Не сакам да се отфрли предметот, туку да се открие вистината

-

Денешното рочиште за случајот „Пуч“ повторно се одложи бидејќи во судницата не се појави обвинителот од Специјалното јавно обвинителство, кое пред десетина дена ја презеде надлежноста за овој предмет.

Како што соопшти судијката Љубинка Башевска, денеска од Специјалното обвинителство пристигнало известување во кое бараат одложување на рочиштето бидејќи им било потребно повеќе време за разгледување и за проучување на доказите од списите за судскиот предмет „Пуч“.

Башевска констатираше дека не се исполнети законските услови за одржување на рочиштето и го одложи за 14 јануари 2016 година.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се појави во судницата и по завршуањето на рочиштето изјави дека се појавил бидејќи претходно најави дека ќе го направи тоа кога случајот ќе го преземе Специјалното обвинителство.

– Како што ветив дека ќе дојдам во суд откако Специјалното обвинителство ќе го преземе овој предмет, така направив бидејќи си стојам на збор. Специјалното обвинителство е надеж дека вистината и правдата ќе се вратат во Македонија. Јас не сакам овој предмет да се отфрли и да не се процесуира, туку барам да се открие вистината. Од тоа што го слушнаа граѓаните во изминатите 11 месеци стана јасно дека нема никакви странски служби и дека нема напад врз премиерот затоа што беше договрена техничка влада и предвремени избори. Не барам само правда за Заев, туку за сите граѓани на Македонија – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...