fbpx

Битолското образование заглавено во долг од два милиони евра

-

ВМРО-ДПМНЕ направи финансиски пустош во битолското образование, обвини денеска опозицијата во Битола на седницата на Советот, на која се расправаше за работењето на средните и на основните училишта во градот. Валентин Груевски од ЛДП од говорницата кажа дека училиштата должат два милиони евра, главно, за бесплатниот превоз, струја, за комуналии.

– Оваа власт буквално направи пустош со образованието во секој сегмент. Долговите на училиштата се преголеми. Од 14 школи во градот, дури половината се со блокирани сметки. Замислете, едно од училиштата должи 30.000 евра за неплатена вода. Каде го има ова? Градоначалникот Владимир Талески три години не го признаваше проблемот со бесплатниот школски превоз сè додека долговите не се натрупаа – рече Груевски, советник на опозициската ЛДП.

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Соња Карапашовска, пак, рече дека проектот со бесплатниот школски превоз е воведен пред седум години и како нов, нормално е дека ќе има проблеми.

Сепак, како што таа кажа, се зголемуваат дотациите за образованието и проблемите со блокираните сметки ќе се решаваат најбргу што се може.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...