fbpx

„Беса“: Уставниот суд да ја испита одлуката на ДИК за бришењето на 40.000 гласачи

-

Движењето „Беса“ денеска оцени дека објавената листа, на наводни фантомски гласачи, е флагрантно прекршување на Уставот на Република Македонија и го повика Уставниот суд итно да се изјасни за одлуката на Државната изборна комисија за бришењето на 40.000 гласачи. Тие исто така го повикаа и народниот правобранител да реагира на, како што рекоа, дискриминација што се врши кон граѓаните негирајќи им го правото на гласање.

– Нашата анализа зборува во полза на фактот дека мнозинството гласачи од таа листа не само што немаат чести премини на границата, туку има многу од нив со години наназад не ја поминале границата на државата. Најголемиот цинизам е што многу јавни личности и бивши членови на изборните комисии на изборите од 2014 година сега нашле на таа листа. Повеќето гласачи Албанци, кои се нашле на таа листа, јавно се изјаснувале опозициски, што неминовно покренува сомнение дека во тоа има свое влијание албанската партија на власт, која на таков начин сака да го спречи гласот против нејзе на следните избори.“- изјави Билал Касами, претседател на „Беса“.

Од движењето најавија испраќање писмо до амбасадорите на САД, ЕУ, Велика Британија, Италија, Франција и Германија, како олеснувачи на постигнатиот договор, во кое ќе им се објасни дека со договорот не се решава кризата, туку се поттикнува расизам и ксенофобија. Од „Беса“ најавија дека за избирачкиот список и неговите пропусти ќе ги информираат и меѓународните организации, како што се ОБСЕ-ОДИХР, Хјуман рајтс воч. Транспаренси Интернешенл и Хелсиншкиот комитет.

„Убедени дека ова што се случува во Македонија ги пречекорило и границите на диктатурата и дека веќе не можеме да зборуваме за демократија, Движењето БЕСА изјавува дека ако покрај целиот ваков ангажман, гласачите не се вратат во избирачкиот список и на нив не им се признае правото на глас, ова не само што ќе биде лоша вест за демократијата во Македонија, туку ќе биде знак дека и иднината на оваа земја повторно ќе биде ставена во прашање, рече Касами и додаде дека ќе ги користат сите средства за да го заштитиме гласот на секој граѓанин на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...