fbpx

Белоруски суд ја осуди опозициската лидерка Тихановскаја на 15 години затвор

Опозициската лидерка беше обвинета за 12 „кривични дела“, вклучувајќи и „заговор за неуставно преземање на власта“

-

Белоруската опозициска лидерка (во егзил), Светлана Тихановскаја е осудена на затворска казна од 15 години од судот во Минск, пренесува Јуроњуз.

Исто така, еден од водечките противници на режимот на Александар Лукашенко, Павел Латушко е осуден на затворска казна од 18 години, додека тројца други опозиционери – Марија Мароз, Волха Кавалкова и Сергеј Дилевски, добија затворски казни од по 12 години.

Тихановскаја, која живее во егзил, веднаш по пресудата на белорускиот суд, преку Твитер искоментира дека станува збор за фарса.

„15 години затворска казна. Ете како режимот ја „награди“ мојата работа за демократски промени во Белорусија. Но денес не мислам на мојата пресуда. Мислам на илјадници невини, задржани и затворени во вистински затвори. Нема да сопрам додека секој еден од нив не биде ослободен“, напиша опозициската лидерка Светлана Тихановскаја.

Опозициската лидерка беше обвинета за 12 „кривични дела“, вклучувајќи и „заговор за неуставно преземање на власта“. Пресудата за Тихановскаја доаѓа само неколку дена по затворската казна што во петокот ја доби добитникот на Нобеловата награда за мир, Алес Бјаљацки.

За разлика од Тихановскаја, Бјаљацки и понатаму се наоѓа во затвор во Белорусија.

Според податоците на организацијата за заштита на човековите права „Вјасна“, заклучно со 1 март годинава во Белорусија има 1.461 политички затвореник, по протестите што ја зафатија земјата по одржувањето на претседателските избори во 2020 година.

Белорускиот авторитарен режим на Александар Лукашенко тврди дека победил на изборите, додека белоруската опозиција и западните влади порачаа дека изборите биле наместени и дека вистинскиот победник била Тихановскаја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...